Топ
Кривична за возачот на Бесими и Бектеши – поминал на црвено и удрил во двете возила
Возачот на службеното возило на министрите Фатмир Бесими и Бектеши доби кривична пријава за сообраќајната незгода што се случи пред Владата.
Ј.Б. (38) со службеното возило „шкода“ не застанал на црвено светло на семафорот и кога навлегол во крстосницата на булеварот Св. Климент Охридски со булеварот Илинден, удрил во возилото „киа“, кое од ударот го променило правецот и удрило во возило „фиат“.
Во несреќата повреди добиле Ј. Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б. Љ. (35) од Скопје, кои со возило на итната медицинска помош се пренесни во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонското МНР го осуди иранскиот ракетен напад, граѓаните да не патуваат во Израел, Иран и Либан
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили.
Амбасадата во Тел Авив веќе стапи во контакт со надлежните институции на Израел, со цел потврда дека меѓу жртвите и повредените нема државјани на нашата земја.
Имајќи ја предвид влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, апелира до македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан, додека државјаните кои се наоѓаат на територијата на овие држави да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум.
„Потсетуваме на СОС дежурните телефони на Министерството +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378, која е целосно екипирана и ставена на располагање за нашите граѓани“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан, Израел, Иран и регионот и навремено да ги информира нашите државјани за евентуални насоки за постапување.
Македонија
Обвинение за несовесно работење против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко
Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против службено лице – градоначалник на Општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта. Иако Законот за основно образование предвидува дека вршител на должноста директор се избира од редот на вработените во училиштето кои ги исполнуваат условите за директор, обвинетиот на 12.01.2022 година за вршител на функцијата во училиштето во Радолишта именувал лице кое не ги исполнувало таквите услови, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа.
Именуваната ја вршела функцијата директор на училиштето во периодот од 12.01.2022 до 31.07.2023 година, за кој период и биле исплатени плата и придонеси како в.д. директор со што му била нанесена штета на училиштето, соопшти Обвинителството.
Свет
Најмалку 162 изгубени животи: Хелен официјално е вториот најсмртоносен ураган во САД
Разорниот ураган Хелен однесе најмалку 162 животи, јавуваат американските медиуми.
Според информации, црниот биланс е забележан во шест земји.
Ураганот Хелен официјално стана вториот најсмртоносен ураган што ја погодил територијата на САД во последните 50 години.
Единствениот посилен беше ураганот Катрина, кој уби најмалку 1.833 луѓе во 2005 година.
Врз основа на моменталната статистика, има 73 жртви во Северна Каролина, 36 во Јужна Каролина, 25 во Џорџија, 17 во Флорида, девет во Тенеси и две во Вирџинија.