Црна хроника
Изгоре возач на цистерна со нафта и загина 20 -годишно момче
Две лица загинаа во две одделни сообраќајки што се случија во текот на ноќва во близина на Делчево, соопшти МВР
Во првата сообраќајка што се случила синоќа околу 21:40 часот загина четириесетгодишниот Мазлон Ислмаилов од радовишкото село Конче.Сообраќајната несреќа се случила на магистралниот пат М5 од граничниот премин Делчево кон градот, кога цистерната со нафта со која управувал Исмаилов, излетала од патот и се превртела.При превртувањето на товарното возило со скопски регистерски таблички, се запалила нафтата која што се превезувала во цистерната , при што дошло до силна експлозија. Исмаилов починал на лице место. Цистерната била во сопственост на скопската фирма „Марива транс“.Утрово околу 3 часот кај виничкото село Калиманци на магистралниот пат Кочани – Делчево загина дваесетгодишниот Дарко Илиев од Македонска Каменица. Илиев, кој со уште тројца сопатници се превезувал со БМВ со италијански регистерски таблици загинал, кога возилото излетало од патот. Двајца сопатници се повредени и моментално се наоѓаат во болницата во Кочани.Возачот на БМВ-то, избегал од местото на несреќата. Полицијата се уште трага по него.Од почетокот на годината до денеска во сообраќајни несреќи загинале 95 лица. Во првите шест месеци на македонските патишта животот го загубиле 69 лица, во месец јули 19, а за само десетина дена од месец август на патиштата имало десет жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Жена падна во автобус и тешко се повреди
Педесет и седумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера паднала во автобус кој сообраќал по булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Според пријавеното во СВР Скопје, жената била патник во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково.
По падот, таа била пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски, каде што и биле констатирани тешките повреди. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Топ
Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга
Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од нив физички ја нападнал и ја силувал откако таа паднала во бесознание.
Кривичната пријава е поднесена против А.Л. (26) од дебарското село Џепиште кој се сомничи за грабнување и полов напад и силување и против 18-годишениот Е.В. од дебарското село Отишани кој се сомничи за грабнување.
Полицијата информира дека жената била грабната од нејзиниот двор со возило ауди кое го управувал Е.В. и однесена во напуштен објект во Струга.
Откако А.Л. ја силувал, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга.
Двајцата сторители се пронајдени и против нив ќе следува кривична пријава.

