Црна хроника
МВР распиша меѓународна потерница по Хеди Рамковски
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Хеди Рамковски, синот на сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски
По наредба на судот, од 1-ви март освен македонската полиција по Хеди Рамковски трагаат и странските полиции.Хеди Рамковски е осомничен како дел од групата од случајот „Пајажина“, а за полицијата е недостапен веќе три месеци. Полициските сознанија покажале дека се наоѓа надвор од земјава.Рамковски досега се бараше само со интерна потерница. Во акцијата „Пајажина“ во притвор завршија 14 лица кои се сомничат за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
На 24.11.2024 во 17.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен државјанин на Турција, криумчарел мигранти
Денеска во 04.00 часот кај село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Т.Н.Ј. од Република Турција.
При преглед во возилото „дачија дастер’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 15 лица мигранти, од кои шест малолетници.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Претрес во Кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми
Вчера во 10.00 часoт во село Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 30-годишниот К.С. од селото Романовце, извести МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки“ со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.