Спорт
Алегри: Интер се фаворити за титулата, ние се подготвуваме за наредната сезона

Тренерот на Интер, Масимилијано Алегри, изјавил дека Интер се фаворити за шампионската титула. Интер, вчера, по 10 години успеа да го победи Јувентус во Торино. Актуелните шампиони победија со голот на Чалханоглу од пенал.
Поразот од Интер, Алегри го спореди со неодамнешниот дебакл и поразот од 3:0, против Виљареал во Лигата на шампионите.
„Сличен натпревар. Имавме многу шанси не успеавме да постигнеме гол. Сакав да видам дали коментарите ќе бидат фер, но не е така“, рекол Алегри и допилнил.
„Луѓето сега слободно можат да речат дека Јувентус повеќе не е во трката за титулата. Ако го погледнете распоредот јасно е дека фаворитот е Интер. Овде забележаа значајна победа која ќе им ја зголеми самодовербата. По еден ваков меч тие се фаворити. Ние мораме да освоием што е можно повеќе поени за четвртото место и да се подготвуваме за наредната сезона. Наредната сезона ќе се обидеме да ја освоиме титулата.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Де Брујне погоди на дебито, Наполи го победи Сасуоло

Наполи славеше на гостински терен против Сасуоло со дебитантскиот гол на Кевин Де Брујне, додека Џенова и Лече одиграа без голови во првиот натпревар од Серија А.
Доста лесна победа на стадионот „Мапеи“ извојуваа бранителите на титулата, кои ја демонстрираа забележливата разлика во квалитетот помеѓу двата тима.
Домашниот тим речиси и да не го загрози актуелниот шампион, а бедемот пред голот на Стефан Турати не издража долго.
Во 17-та минута, Матео Политано го проигра Скот Мектомини, кој ја упати топката со глава во мрежата од десет метри. Истиот играч беше блиску до втор гол непосредно пред полувремето, но неговиот силен удар од далечина ја погоди гредата.
Конечниот резултат беше поставен во 57-та минута кога Кевин Де Брујне го постигна својот деби гол во синиот дрес. Белгиецот изведе слободен удар од голема далечина, обидувајќи се да центрира. Никој не ја допре топката, а таа го измами голманот и влезе во голот.
Во следното коло, шампионот на Италија ќе се сретне со Каљари, додека елитата на Сасуоло ќе се соочи со Кремонезе.
Спорт
Наполи и Хојлунд постигнаа договор, на потег е Манчестер јунајтед

Расмус Хојлунд еден од непожелните играчи во системот на менаџерот Рубен Аморим е чекор поблиску до новиот клуб. До крајот на преодниот рок, Данецот, ќе го засили Наполи. Италијанскиот шампион мораше да реагира на пазарот откако се повреди Ромалу Лукаку.
Вчера, како што објавија италијанските медиуми, Наполи ги заврши клучните преговори. Со фудбалерот клубот го договорил должината на договорот и платата.
Манчестер јунајтед е информиран за сè, па трансферот е многу блиску до реализација. „Црвените ѓаволи“ нема да прават проблем бидејќи Хојлунд не е во плановите на менаџерот Аморим.
Хојлунд по две сезони ќе се врати во Серија А. Претходно го носеше дресот на Аталанта.
Спорт
Продолжува доминацијата на Маркез – Шпанецот ја освои пол-позицијата во Унгарија

Осумкратниот светски шампион Марк Маркез беше најбрз во квалификациите на патеката Балатон Парк во рамките на трката за Големата награда на Унгарија.
Марк Маркез ја продолжи доминацијата во „кралската класа“, во шест наврати го направи најбрзиот круг, а пол-позцијата ја освои со време 1:36.518.
Првиот ред, заедно со 32-годишникот од Сервера го комплетираа Италијанците Марко Бецеки (Априлија) и Фабио ди Џанантонио (ВР46).
Во третата минута од втората квалификациска рунда, Шпанецот Педро Акоста (Ред Бул) излета од патеката и не можеше да продолжи со натпреварувањето. Мотоциклот на 21-годишникот стана неупотреблив.
Енеа Бастијанини (Ред Бул), Франко Морбидели (ВР46) и Фабио Квартараро (Јамаха) ќе стартуваат од вториот ред, а Педро Акоста, Фермин Алдегер (Гресини) и Лука Марини (Хонда) од третиот.
Иако помладиот брат на Маркез, Алекс, го имаше 11-то најбрзо време во квалификациите, возачот на Гресини беше префрлен на 14-та позиција бидејќи, ден претходно заработи казна од три позиции поради блокирањето на Франческо Бањаја.
Тимскиот колега на Маркез од фабричкиот тим на Дукати, Франческо Бањаја, не успеа да ја помине првата квалификациска сесија.
Италијанецот, кој освои две титули по ред во елитното натпреварување, ќе стартува од 17-та позиција.
Foto/ EPA/Tamas Vasvari