Црна хроника
Четворица повредени од струен удар во струшко Ташморуништа
Четири лица се повредени од кои две потешко, во несреќа што се случила синоќа околу 19 во водите на Глобочичкото езеро кај реката Црни дрим во близина на струшкото село Ташморуништа.
Поради сериозноста на повредите, едно лице е пренесено во Ургентниот центар во Скопје додека другото тешко повредено лице е задржано во Општата болница во Струга. Останатите шест лица кои биле во чамецот, по првичниот медицински преглед се пуштени на домашно лекување.
Несреќата се случила во момент кога чамец во кој се превезувале вкупно десет лица пловел под електричен далновод кој поминувал над реката.
Со навремена интервенција на полицијата, медицинските екипи и месното население од селото Ташмаруништа, сите 10 лица се извлечени од чамецот и со возила на брзата помош се пренесени во општата болница во Струга.
На лице место, извршен е увид во присуство на истражен судија, јавен обвини- тел и полициски екипи.
СВР Охрид и полициската станица од Струга преземаат дополнителни мерки за целосно расветлување на овој настан. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инспектор од Македонска Каменица запалил службени документи и предизвикал пожар во полициска станица
Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени материјали, ги запалил и ги оставил да горат, по што огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на Полициското одделение Македонска Каменица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП
Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

