Црна хроника
Запленети 44 кг хероин вредни над два милиона евра
Македонската полиција соопшти в среда дека запленила 44 килограми висококвалитетен хероин вреден над два милиона евра чијашто дестинација бил италијанскиот нарко-пазар
Дрогата била запленета во рамки на акцијата „Босфор“ која од поодамна се спроведува во соработка со турската полиција.„Во претходните четири акции, како и оваа петта успешна операција, во рамки на ’Босфор’ запленети се над 230 килограми хероин чија вкупна вредност на нарко пазарот изнесува над 8,4 милиони евра“, соопшти попладнево на прес-конференција министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.Пратката од 44 килограми хероин била откриена во вторникот вечер во специјален бункер во камион што тргнал од Турција и транзитирал преку Грција.Приведени се осум лица, сите македонски државјани.Јанкулоска соопшти дека во сите досегашни пет акции во рамки на операцијата „Босфор“ се фатени организаторите за оваа, како што нагласи, добро организирана меѓународна мрежа за трговија со дрога.Од приведените осум македонски државјани било запленето и оружје и муниција. Меѓу запленетото оружје има неколку пиштоли, вклучувајќи и еден малокалибарски во форма на пенкало.Приведените денеска ќе бидат изнесени пред истражен судија.Директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, изрази особено задоволство од континуираната успешна соработка со турската полиција додавајќи дека петте реализирани акции во рамки на операцијата „Босфор“ се уште еден доказ дека Македонија е тампон-зона за шверцот на дрогата наменета за европскиот пазар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.

