Црна хроника
Се претставувале како менаџери на фирми и нарачувале стоки без да платат
Тројца тетовци лажно се претставувале како менаџери на фирми и нарачувале стоки а не плаќале.
Пријавените, кривичните дела ги сториле во период од февруари до мај 2022 година на тој начин што им се јавувале на оштетените, претставувајќи се како менаџери на фирма или дека се заинтересирани да купат нешто, па ги доведувале во заблуда да им пуштат пари, а стоката или порачката ќе ја платат кога ќе се видат. Причинетата вкупна материјална штета изнесува 480.200 денари.
Според информациите, ОВР Гостивар поднесе 13 кривични пријави против Б.А.(35) од Скопје, осуденик во Казнено-поправната установа Идризово, Р.М.(37), Б.М.(32) и Ш.Ш.(36), тројцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски
Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата попладне.
„Син ми почина“, напиша мајката Роза во еден од коментарите на Фејсбук.
40-годишниот прилепчанец Виктор Илиоски, кого семејството го пријави дека исчезнал, попладнево е пронајден починат во кругот на болницата во Прилеп, соопшти МВР.
„Денеска (16.02.2026) во 16:00 часот во СВР Битола пријавено е дека во кругот на ГОБ Прилеп пронајден бил В.И. (40) од Прилеп без знаци на живот. Лицето на 15.02.2026 година било пријавено за исчезнато лице. Од Итна медицинска помош била констатирана смрт, известен е јавен обвинител по чија наредба телото е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени две жени од Грција, краделе козметика во трговски центар во Аеродром
Полицијата уапси две грчки државјанки, осомничени за извршена кражба во продажно место на подрачје на општина Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција.
Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором украле повеќе козметички производи.
По целосно документирање на случјот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата, жена насилно внесена во возило – четири случаи на семејно насилство во главниот град
Четири одделни случаи на семејно и партнерско насилство се регистрирани за еден ден во Скопје, при што во еден од инцидентите осомничен нападнал мајка и сопруга со остар предмет, а во друг 27-годишна жена била насилно внесена во возило и физички нападната од поранешниот партнер.
На 15.02.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од скопско пријавила дека на 14.02.2026 околу 21:00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.А., со кого се во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Истиот ден во 00:35 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Т.В.(55) од скопско, по претходна пријава дека на 14.02.2026 околу 22:30 часот во стан на подрачјето на Ѓорче Петров физички ја нападнал неговата 59-годишна сопруга. И за овој случај ќе следува соодветен поднесок.
На 15.02.2026 во 23:05 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена пријавила дека околу 21:00 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, со употреба на физичка сила била насилно ставена во патничко возило, при што била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Е.М.(33). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во четвртиот случај, на 15.02.2026 во 22:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Е.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 58-годишна мајка и неговата 30-годишна сопруга, при што употребил и остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

