Црна хроника
Велешките браќа Ѓоргиевски на слобода, ќе има трето судење за убиството во Ореше
Скопска Апелација ја укинала пресудата на Основниот суд од Велес за случајот Ореше, со која за убиството на 74-годишниот Лазар Милошевски, на 12-годишна затворска казна беа осудени браќата Ордан и Љубомир Георгиевски.
По одлуката на Апелација браќата од денес по поминати 27 месеци во притвор се на слобода .Од велешкиот суд велат дека сеуште го немаат добиено решението од Апелација. Но за ваквата разврска сепак се информирани, потврдуваат дека за случајот Ореше наскоро ќе има ново, трето судење.Браќата Ордан и Љубомир се сомничат дека пред шест години за 50 илјади долари кои им ги исплатил Ѓоре Петревски го убиле 74 годишниот Лазар Милошевски. Додека на браќата им се судеше во Велес, според обвинението нарачателот на убиството Петревски е во имиграционен затвор во САД.Крвна освета, така стои во обвинителниот акт е причина за убиството во велешкото село Ореше. Дали и овој пат истиот пет член кривичен судски совет ќе им суди на браќата Ѓоргиевски од судот без конкретен одговор.„Утре кога веројатно ќе го добиеме решението ќе биде многу појасно рече за веб порталот „Лисица“ Илија Танев, судијата кој во два наврати досудуваше казна затвор за Ордан и Љубомир од по 12 години
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

