Црна хроника
Монструмот со автомобил го удрил па го задавил девојчето од Суботица
Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ на прес-конференција потврди дека полицијата го уапсила 34-годишниот Драган Ѓуриќ од белградското предградие Сурчин за кој се сомнева дека е убиецот на 15-годишната Тијана Јуриќ од Суботица.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ на прес-конференција потврди дека полицијата го уапсила 34-годишниот Драган Ѓуриќ од белградското предградие Сурчин за кој се сомнева дека е убиецот на 15-годишната Тијана Јуриќ од Суботица.
Според Стефановиќ, убиецот прво намерно го удрил девојчето со автомобил, а потоа го задавил.
„Нашите надежи дека ќе ја пронајдеме Тијана Јуриќ жива, за жал не се остварија, полицијата вчера го уапси монструмот кој го извршил ова кривично дело“, изјави за медиумите српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.
На прес-конференцијата додаде дека „монструмот Ѓуриќ е приведен, го призна злосторството и полицијата ја одведе до местото на коешто ја закопал жртвата, десетици километри од Суботица“. „Кога го пронајдовме, тој сосема нормално сечеше месо, значи имаме целосно отсуство на каење“, изјави министерот и додаде дека Ѓуриќ веднаш е испратен на полиграфско тестирање при што „паднал на сите прашања“.
Според Стефановиќ, осомничениот девојчето го удрил со автомобил, а потоа почнал да ја удира и да ја дави. Кога ја убил, ја соблекол и ја ставил во багажникот, па ја закопал на ѓубриште и ја прекрил со земја којашто ја имал во багажникот од возилото.
„Моја лична оцена, лично чувство, е дека ми е жал, поради вакво кривично дело, поради ваков монструм, што Србија ја укина смртната казна. Можеби нашето општество не беше подготвено за сите придобивки на ЕУ, како што е укинувањето на смртната казна“, изјави Стефановиќ.
Истакна дека убиецот од претходно и’ е познат на полицијата, бидејќи бил извршител на помали кривични дела, како и тоа дека тој воопшто не ја познавал Тијана Јуриќ.
„Сите луѓе од полицијата коишто работеа на овој случај, длабоко се потресени од нејзиното свирепо убиство. Како родител и министер, сметам дека вакво злосторство заслужува исклучиво најтешка казан“, порача министерот Стефановиќ.
Припадниците на полицијата доцна ноќта во средата го уапсиле убиецот на Тијана Јуриќ, којашто последен пат беше видена на 26-ти јули, малку по полноќ недалеку од Спортскиот центар „Рата“ во Бајмок, покрај Суботица, каде што била на забава со пријатели, а престојувала во посета на бабата и дедото.
На неасфалтираниот дел од патот се пронајдени предмети коишто, според изјавата на мајката, припаѓаат на исчезнатото девојче, а веднаш по исчезнувањето на Тијана во потрага, покрај српската, се вклучија и унгарската полиција, Европол, Интерпол и меѓународниот интернет ресурс посветен на исчезнатите деца во Европа.
На овој случај биле ангажирани повеќе од стотина припадници на српското министерство за внатрешни работи од Суботица, Белград и други места./крај/мф/сн
Извор: Танјуг, РТС,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

