Црна хроника
Идентификувани двајца од учесниците во инцидентот во Старата скопска чаршија
Две лица се лишени од слобода откако Единицата за насилен криминал при СВР Скопје идентификуваше две лица учесници во насилниот инцидент во кој беше демолиран локал во старата скопска чаршија поради емитување на македонска музика, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„Во присуство на Јавен обвинител беше извршено препознавање на лицата кои биле учесници во инцидентот во кој беше демолиран објект во старата скопска чаршија откако претходно тие беа лишени од слобода од страна на припадниците на единицата ’Алфа’. Случајот е документиран, а лицата кои се на возраст од 24 и 25 години се лишени од слобода поради основано сомневање дека сториле кривично дело ’Насилство’ предвидено и казниво по членот 386 ок Казнениот Законик на Република Македонија“, се вели во соопштението на МВР.
На понеделникот (4-ти август) годинава околу 24 часот на улицата Бит пазар бр.95, односно во центарот на Старата скопска чаршија, во кафулето „Њу Орлеанс“, пријавените со уште неколку засега непознати лица, влегле во внатрешниот дел од локалот, по што едно од лицата се приближило до шанкот кај диџејот кој пуштал музика, и во еден момент физички го нападнал и му го скршил лаптопот. Потоа насилниците ги искршиле и прозорските стакла, инвентарот во објектот и на летната тераса, а физички нападнале и тројца од персоналот меѓу кои и вработена, која се обидувала од мобилен телефон да повика полиција чиј апарат бил уништен, по што го напуштиле местото на настанот.
„На тој начин пријавените заедно со другите лица кај оштетените, вработените и присутните гости предизвикале чувство на страв, загрозеност и несигурност“, се вели во извештајот на Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека осомничени биле изведени пред надлежен судија во претходна постапка кој на 24-годишното лице му изрекол мерка притвор во траење од осум дена, додека на второосомничениот му се изречени алтернативни мерки за обезбедување.
Инаку, пријавениот кој веќе е префрлен во притвор во Истражниот затвор Скопје, и претходно е пријавуван од полицијата како сторител на кривични дела проследени со насилство за што во 2011 година е осомничен за сторени две кривични дела „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие “ и „Учество во тепачка“ при инцидентот кој што се случи на Кале./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.