Црна хроника
Две експлозии во кругот на УКИМ – нема информации за повредени
Обезбедувањето на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ доцна во средата околу 22 часот до полициските служби пријавило дека во комплексот на на Универзитетот кај Бит пазар детонирале две експлозивни направи.
Портпаролот на СВР Скопје, Лиза Бендевска, за Макфакс го потврда случајот и соопшти дека нема информации за евентуално повредени лица од експлозиите, а според првичните информации не била предизвикана ниту материјална штета.
Од МВР соопштуваат дека полициски екипи и истражни органи сé уште прават увид на местото каде детонирале експлозиите од каде, како што соопштуваат земени се материјали за вештачење за да се утврдат причините за експлозиите.
Подетални информации најавуваат во наредниот период./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.