Црна хроника
Охриѓанец грабнал и малтретирал Србинка оти не сакала да му биде девојка
Охриѓанец ја грабнал и малтретирал поранешната девојка, Србинка бидејќи не сакала да ја продолжат љубовната врска, соопшти МВР.
Пред два дена, вечерта во 23.30 часот триесетгодишниот охриѓанец ја пресретнал поранешната девојка и насилно ја внел во неговиот автомобил „БМВ“.
Почнале да се расправаат, а охриѓанецот извадил пиштол и ја удрил на вратот. Потоа на телефон повикал негов другар за да ги вози низ градот.
Еден час ја возеле девојката во автомобилот,а поранешниот дечко цело време и се заканувал. Ја однеле во нејзиниот стан, а другарот чекал пред зградата.
Насилниот охриѓанец продолжил да и се заканува на девојката, но по кратко време во станот пристигнале нејзини роднини кои се обиделе да пријават во полиција.
Охриѓанецот им се заканувал со пиштол и им велел да не пријавуваат. Во еден момент пред станот дошол неговиот другар, го истргал разлутениот пријател и избегале.
Но полицијата набрзо ги фатила и ги привела. Осомничените се изведени пред истражен судија со кривична пријава за „грабнување“, кој им одредил 30 дена притвор./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од Валандовско: управувал возило под дејство на алкохол
Вчера во 13:06 часот во село Јосифово, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода 46-годишниот Г.К. од село Јосифово.
При сообраќајна контрола во село Јосифово е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,28 промили алкохол во крвта.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

