Црна хроника
Во пукањето во Денвер мајката си ги убила двете деца

Во пукањето во семеен дом во американскиот град Денвер во средата, жена си ги убила своите две деца, а пота се самоубила, пренесува во четвртокот четвртиот канал на телевизиската мрежа CBC.
Инцидентот се случи во средата наутро по локално време во северниот дел на градот. Според полицијата, жртвите во семејната трагедија се мајката Мајира Перез и двете нејзини момченца на возраст од шест и две години. Нивната тригодишна сестра е ранета и е хоспитализирана во критична состојба.
Мотивите што ја натерале жената на овој налудничав чекор сé уште не се утврдени. Полицијата на Денвер во четвртокот соопшти дека уште ги испитува околностите во кои се одиграла трагедијата.
Полицискиот потполковник Мет Мареј претходно во средата изјави за локалните медиуми дека „изгледа дека станува збор за изолиран инцидент“.
Местото на злосторството се наоѓа во индустриска зона, опкружено со магацини и камионски терминал, во близина на комплекс за продажба на големо. Според соседите, куќата неодамна била продадена./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци

Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци, а пожарникарите од Територијалната противпожарна единица се на терен и интервенираат на лице место.
Се работи за автомобил форд фокус.
Црна хроника
Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајка кај Кратово

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат кај местото викано Превалец, во атарот на селото Трновац, кратовско, едно лице го загуби животот, а две лица се тешко повредени.
Несреќата се случила околу 14:24 часот меѓу товарно возило фиат добло со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје, и патничко возило дачиа сандеро со кавадаречки регистарски таблички, управувано од С.В.(33) од Скопје.
Во судирот на самото место починал сопатникот од товарното возило, А.А.(38) од Скопје, чија смрт била констатирана од лекар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а причините за несреќата се утврдуваат.
Црна хроника
Полицијата приведе маж, уништувал политички плакати

Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен рано наутро поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Денеска во 2:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа 33-годишниот А.Ѓ. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко. А.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР – Велес.