Црна хроника
Една жртва во сообраќајка кај Бошков Мост

На патниот правец Дебар – Маврово, во близина на месноста Бошков Мост, во сообраќајна несреќа во понеделникот загина возач на комби возило.
Несреќата се случила во 6,45 часот кога од непознати причини комби возилото сопственост на „Хисар туризам“ изгубило контрола, удрило на заштитната метална ограда на мостот и паднало во реката Радика.
Во возилото бил само возачот 62- годишниот Садик Франгу од селото Баланци, општина Центар Жупа, кој починал на самото место. Грангу требало да стигне во Гостивар, за да земе печалбари кои доаѓаат во родниот крај.
На местото на несреќата увид врши екипа на полициската станица од Ростуше, истражен судија и обвинител од Гостивар./крај/мф/сн
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.