Европа
Светлана Тихановскаја осудена на 15 години затвор
Светлана Тихановскаја е осудена на 15 години затвор, пренесува AFP.
Таа беше осудена во отсуство.
Тихановскаја беше претседателски кандидат на изборите во Белорусија во август 2020.
Нејзиниот сопруг, популарниот видеоблогер Сергеј Тихановски, имаше намера да се кандидира против Лукашенко, но беше уапсен пред изборите. Таа беше во трка наместо својот сопруг, пишува медиумот.
Плашејќи се за безбедноста на своето семејство, Тихановскаја ја напушти Белорусија по изборите и ја предводи опозицијата од егзил во Литванија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Вуледар падна, Русите веат знамиња во центарот на градот
Руските сили имаат целосна контрола над градот Вуледар во областа Доњецк во источна Украина, објави утринава каналот SHOT на комуникациската платформа Телеграм и проруските воени блогери.
Ројтерс не може независно да ги потврди извештаите. Руското Министерство за одбрана се уште не го потврди заземањето на градот.
Confirmed. Russia has fully occupied Vuhledar. Russian units from the 36th Separate Guards Motor Rifle Brigade raised their flag over the Vuhledar City Council. Ukrainian forces have withdrawn to Bohoyavlenka, north of Vuhledar. pic.twitter.com/q2OZueh9Gc
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) October 1, 2024
Регионален украински функционер синоќа изјави дека руските сили стигнале до центарот на градот, стратешко упориште кое повеќе од две години се спротивставувало на руските напади. Снимките од руските сили како го веат своето знаме на покривот на административната зграда во центарот на градот во вторникот покажаа дека зградата е делумно претворена во урнатини со скршени прозорци.
Европа
Експлозии во близина на израелската амбасада во Копенхаген
Данската полиција истражува две експлозии во близина на израелската амбасада во Копенхаген, објави утринава Ројтерс.
„Никој не е повреден, ние спроведуваме првична истрага на местото на настанот“, објави полицијата во Копенхаген на Икс.
„Се истражува можна поврзаност со израелската амбасада во областа“, додаде полицијата.
Европа
Папата Франциско побара прошка за сексуалната злоупотреба и понижување на жените
Папата Франциско ја водеше молитвата за време на која бараше прошка за пропустите на Католичката црква, вклучувајќи го и третманот на свештенството кон жените и жртвите на сексуална злоупотреба, додека католичките водачи се подготвуваат за едномесечниот синод во Ватикан.
На церемонијата во базиликата Свети Петар, жртва на злоставување го даде своето сведочење и им кажа на стотици бискупи дека скандалите со злоупотреба „ја разнишаа верата на милиони и го нарушија угледот на институцијата на која многумина се угледуваат за водство“.
Во неделата, Франциско се врати од патување во Белгија, каде што се соочи со најжестоките критики упатени за време на едно од неговите странски патувања.
Белгискиот крал и премиер повикаа на поконкретна акција за справување со скандалите со злоупотреба, додека двајца лидери на католички универзитети го отфрлија ставот на Папата за улогата на жената во црквата и општеството.
Како дел од мисата во вторник, седум кардинали, највисоките личности по папата во Црквата, која има повеќе од 1,4 милијарди верници на глобално ниво, побараа прошка за различните пропусти на Црквата.
Франциско на присутните им кажа дека барањето за прошка го напишал сам „затоа што беше неопходно да ги извикуваме нашите гревови со име и презиме“.
Пензионираниот бостонски надбискуп, кардиналот Шон О’Мали, водачот на ватиканската комисија за сексуална злоупотреба на свештенството, побара прошка.
Франциско рече дека мисата е наменета „да започне зараснување на раните кои никогаш нема да престанат да крварат“.
„Бараме прошка, чувствувајќи се срам, од оние кои се повредени од нашите гревови“, рече Папата.
Ватиканскиот синод започнува во среда. Ќе собере кардинали, бискупи и други од повеќе од 110 земји во светот. Членовите на Синодот кон крајот на октомври ќе гласаат за конечниот текст кој може да донесе промени во доктрината.
Минатогодишниот синод разговараше за прашања кои ја делат црквата, како што е благословот на истополовите парови.
Но, за повеќето од најконтроверзните прашања ќе одлучуваат работни групи кои ќе го достават својот конечен извештај до папата Франциско (87) следниот јуни.