Uncategorized
(Видео) Огромен погреб во Киев, Зеленски: Почина „Да Винчи“, херојот на Украина

Дмитро Коцјубаило, познат и како Да Винчи, почина во Бахмут, објави претседателот на Украина Володимир Зеленски.
„Да Винчи, херој на Украина, борец доброволец, икона и храбра личност – Дмитро Коцјубаило – загина во битка. Борец на 67-та посебна механизирана бригада, командант на баталјон. Загина во битката кај Бахмут, во битката за Украина“, рече Зеленски.
🕯️Thousands of people in #Kyiv came to say goodbye to Dmytro “Da Vinci” Kotsyubailo.
📷: @sternenko pic.twitter.com/9PbIMeOIGn
— KyivPost (@KyivPost) March 10, 2023
Тој потсети дека од 2014 година, Котсјубајло „ја бранел украинската независност, достоинството на украинскиот народ, како еден од најмладите херои на Украина“.
🇺🇦The President of Ukraine @ZelenskyyUa posthumously honored Dmytro “#DaVinci” Kotsyubailo with the “Cross of Combat Merit”.
Today there was a solemn farewell to Da Vinci, where @MarinSanna also was present during her visit to Kyiv.
🙏RIP, Hero pic.twitter.com/Ec4fsMyA15
— ArmyInform (@armyinformcomua) March 10, 2023
„Тој е еден од оние чиј карактер и храброст засекогаш станаа историја, карактер и храброст на Украина“, рече претседателот Зеленски.
🇫🇮🇺🇦Finnish Prime Minister @MarinSanna has arrived in #Kyiv.
She has already met with President @ZelenskyyUa. They honored the memory of the fallen Hero of Ukraine Dmytro “Da Vinci” Kotsyubailo, who is being mourned today at St Michael’s Cathedral in Kyiv.
📷: Unian pic.twitter.com/RQLB06jbi1
— KyivPost (@KyivPost) March 10, 2023
Во Киев денеска беше организиран голем погреб. На улиците имаше илјадници луѓе, а на погребот дојде и Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Османи ја критикува владата за сервилноста кон српско-рускиот свет и одалечувањето од ЕУ

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска порача дека Македонија веќе ги добила сите неопходни гаранции од Европската унија и дека сега е време за конкретни чекори напред, а не за политички игри.
„Македонија ги доби гаранциите во моментот кога ја дефинираше преговарачката рамка. Таму сите прашања се регулирани. Сега не треба да се злоупотребува темата за ЕУ“, изјави Османи, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата е клучна за нејзината иднина.
Тој предупреди дека историските предизвици и притисоците од „српскиот свет“ продолжуваат да го саботираат напредокот кон ЕУ.
„Сега има две опции – или си со ЕУ или си со српскиот свет, сива зона нема. Тие се меѓусебно поврзани. Секој што прави чекор кон ЕУ, се оттргнува од српскиот свет. И, дали сте забележале? Секој што прави чекор кон ЕУ станува цел на напади“, рече Османи.
Тој се осврна и на историските примери кои го покажуваат длабокото вкоренување на оваа дилема.
„Знаете кога се случи атентатот врз Глигоров? Еден ден откако се врати од Белград и соопшти дека ќе се оттргнеме од Југославија. Знаете ли зошто секој обид за договор со Бугарија и со Грција, или за приближување на земјата кон ЕУ, наидува на демонизација и пропаганда? Затоа што секој чекор кон ЕУ е чекор на оттргнување од српскиот свет. Секој чекор назад е чекор кон српскиот свет“, истакна Османи.
На крајот, Османи ја критикуваше актуелната влада, обвинувајќи ја за блокада на европската перспектива и за сервилност кон српско-рускиот свет.
„Оваа влада ја блокира европската перспектива, затоа сме претворени во бебе на српско-рускиот свет, кој ги има заробено сите инструменти“, заклучи тој.
Uncategorized
(Фото) Ана Ивановиќ јавно ѝ се обрати на својата мајка: Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот

Мајката на Ана Ивановиќ вчера го прослави роденденот, а српската тенисерка јавно ѝ се обрати на социјалните мрежи со заедничка фотографија, на која блескаа во бело издание.
„Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот. Многу те сакам!, напиша Ана.
Ана отсекогаш велела дека мајка ѝ била нејзина најголема поддршка во сите времиња и дека тие две се исклучително блиски.
Иако Драгана не сака да се експонира, често можеме да ја видиме на профилот на ќерка си кога тенисерката пишува пофалби за неа и покажува колку многу ѝ значи таа врска.
Uncategorized
Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

Пакистански спасувачи на северот од земјата денеска вадат затрупани тела од урнатини, кал и буици, каде што невообичаено интензивен монсунски дожд за само 48 часа предизвика смрт на над 320 лица.
Во текот на изминатите два дена, смртоносни поројни дождови погодија неколку области на планинската северна покраина Хајбер-Пахтунхва, каде што се регистрирани 307 смртни случаи, половина од сите смртни случаи оваа сезона на монсуни, покажуваат податоците на Управата за управување со катастрофи.
Повеќето од жртвите беа однесени од поројните поплави и починаа кога нивните куќи се урнаа, од електричен удар или удари од гром.
Во оваа покраина што граничи со Авганистан и каде што сè уште има обилен дожд, повеќе од 2.000 спасувачи работат на пронаоѓање преживеани или извлекување на тела закопани под урнатините, изјави денеска Билал Ахмад Фаизи, портпарол на службата за спасување на покраината, пренесен од француските медиуми.
-Обилните дождови, лизгањето на земјиштето и блокираните патишта го отежнуваат пристапот на амбулантните возила, а спасувачите се движат пешки, додаде тој.