Македонија
Ученик од Штип објавил закана на „Инстаграм“ – полицијата го уапси оти е полнолетен
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/340181882_201645042589003_2090122697632640544_n.jpg)
Штипски гимназијалец, кој е полнолетен, на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил текст со заканувачка содржина. Што стоело во објавата што била прикачена како „стори“, надлежните органи не откриваат.
Ова е прва закана на социјална мрежа во изминатиот период, а во Скопје и Тетово деца правеа списоци со соученици, кои според содржината беа слични на списокот што го направи ученикот убиец од Србија, кој изврши масакр. Штипјанецот е уапсен.
„Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б. Д. (18) од Штип бидејќи во 12.18 часот во СВР Штип од гимназијата во Штип, каде што тој е ученик, било пријавено дека на неговиот профил на ‘Инстаграм’ објавил текст со заканувачка содржина“, велат од МВР за „Макфакс“.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полицијата реагира и во претходните денови. Ученици од две основни училишта во Скопје правеа списоци, но и ученик од Тетово, кој го ставил во тоалетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Скопје
Бесплатен паркинг утре во Центар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/parking-tabla.jpg)
По повод претстојниот празник „Духовден“ од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека утре (петок) паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 22.06.2024 година (сабота) со вообичаено работно време, додаваат оттаму.
Македонија
Ангелов: Трите „ер трактори“ на ДЗС во овој момент се нефункционални, фалат стотици пожарникари, имаме само четири хеликоптери
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/angelov.jpg)
Државата располага со четири функционални хеликоптери за гаснење пожари, од кои три се во рамките на МВР и еден на Армијата, како и три „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување – ДЗС, но, за жал, во овој момент се нефункционални. Причина за тоа е што двајца пилоти заминале во пензија, а со само еден активен пилот авионите не смее да летаат, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
„Денеска сме недоволно подготвени, но за максимум десет дена ќе бидеме драстично повеќе подготвени бидеќи верувам дека веднаш по формирањето, владата ќе помогне да бидат ставени во функција трите ‘ер трактори’ и ќе биде решен проблемот на ЈП ‘Македонски шуми’“, изјави Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање дали државата е подготвена за справување со летните шумски пожари.
Моментно има 938 пожарникари, но потребни се уште 670 според информациите од сите територијални противпожарни единици. Најалармантна, според Ангелов, е состојбата во пожарната во Скопје.
„Апелирам до сите градоначалници да примаат млади луѓе, кои се здрави и може да одговорат на гаснењето пожари. Во овој момент просечна старост на пожарникарите е 42,5 години“, изјави Ангелов.
Од опрема за гаснење пожари на ниво на држава располагаме со 105 цистерни со сопствени пумпи за гаснење на пожари, 33 автоцистерни, кои носат вода, но немаат сопствени пумпи, понатаму имаме 48 противпожарни теренски возила за гаснење пожари во шума и непристапни терени, како и 54 класични теренски возила со пумпи, 11 теренски возила, шест командни возила, две возила за превоз на луѓе и опрема и 191 пумпа.
На ниво на држава располагаме со 629 заштитни опреми, што е помалку од бројот на пожарникари.
Скопје
Изменет возен ред на градските автобуси во Скопје за време на продолжениот викенд
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/02/јсп.jpg)
Поради верскиот празник Духовден, в петок и в сабота (21 и 22 јуни) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред, информираат од ЈСП „Скопје“.
В недела сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
„Утре, од 7 до 14 часот, дежурни ќе бидат билетарниците во Ѓорче Петров и таа на Транспортниот центар, а в сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе имаат редовно работно време“, додаваат од таму.
Жичницата, утре, како и за време на викендот, ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.