Топ
Загина жена од Германија на автопатот Неготино-Демир Капија, има и повредени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-1-960x562.jpg)
Жена од Германија загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Неготино-Демир Капија.
Според информациите, повредени се и две малолетни сопатнички, исто од Германија.
„Денеска (20.07.2023) во 11.20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Неготино-Демир Капија, М.А.(36) од Сојузна Република Германија, управувајќи патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала сопатничката С.А.(62) од Сојузна Република Германија, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека со телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино“ соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Филков во посета на КПУ Идризово: Состојбата во затворите е алармантна
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/1-7-1.jpg)
Министерот за правда Игор Филков го посети затворот во Идризово по вчерашниот инцидент кој се случи во затвореното одделение Амбуланта каде беа повредени припадници на затворската полиција и затвореници.
Состојбата во затворите е алармантна. Ресоцијализација и рехабилитација со лоши услови во затворите не може да има, се истакнува во информацијата од неговиот кабинет, по посетата на затворот.
Во разговорот со директорот на затворот, Зоран Јовановски, министерот беше информиран за настанот како и за проблемите со кои се соочува установата, пренатрупаноста, немањето соодветни просторни услови за сместување, недостигот на медицински персонал и лица задолжени за ресоцијализација.
„По извршениот претрес во одделението Амбуланта биле пронајдени 37 метални шипки, 21 дрвена рачка, 3 кабли, 12 штрафови, 15 ножеви, 4 штрафцигери, пластичен шприц со 2 игли, ножици, парчиња од скршено стакло и 3 полначи за мобилен телефон.
При физичката пресметка предизвикана е поголема материјална штета.
Во наредниот период потребно е да се донесат конкретни мерки за подобрување на состојбите и условите во затворите“, се истакнува во соопштениетот од кабинетото на министерот за правда.
Македонија
Јотова со порака: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/bugarija-makedonija-zname.jpg)
Бугарија не го оспорува суверенитетот и јазикот на современите држави, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова.
Јотова како што пренесуваат бугарските медиуми, вели дека не спречуваат никого во самоопределувањето, но ќе ги спречат обидите да се припише историјата.
„Ние не спречуваме никого во самоопределувањето ниту во нивниот јазик, но многу ќе ги спречиме токму овие обиди да се припише историјата, на соодветни факти. Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство, бидејќи тоа е клучот за без спорови и конфликти. Науката, истражувањето, штити од искушението да се создаде фиктивна историја, што неминовно води до политички и билатерални или мултилатерални конфликти. Во последните неколку дена, во изјавите на некои политички и владини лидери на соседните земји за жал, токму тоа можеме да го видиме“, истакнува Јотова.
Бугарскиот премер Димитар Главчев е во Брисел. Тој за бугарските медиуми изјави дека Бугарија ќе инсистира Европскиот совет да ги потврди заклучоците за Северна Македонија и да ја повика земјата да ги почитува преземените обврски за да продолжи на својот пат кон ЕУ.
На прашањето дали разговарал со грчкиот колега за некакви заеднички активности во однос на позицијата на Скопје, Главчев одговори:
„Не сум разговарал со колегата од Грција за тоа прашање, но претпоставувам дека и тој нема да остане неактивен. ”
Топ
МВР со детали за тепачката во „Идризово“: Тројца осуденици повредени, двајца од остар предмет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/zatvor-idrizovo-3.jpg)
Вчера во 13.10 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 10.30 часот во затвореното амбулантно одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе осудени лица, при што со повреди се здобил Е.М.(26), додека С.Д.(43) и С.М.(29) се здобиле со повреди од остар предмет, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.