Топ
Скопјанец допирал малолетничка во воз, па го извадил половиот орган пред две жени – се бара притвор, отворена и истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 63-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејство го извршил пред дете што наполнило 14 години.
На 24 јули, патувајќи со воз, во близина на Скопје, осомничениот во еден од вагоните се доближил и почнал да допира малолетно девојче родено 2006 година, кое патувало со возот. Тоа вознемирено се преместило на друго седиште по што осомничениот продолжил кон друг вагон. Таму седнал спроти други две жртви и почнал да се самозадоволува на јавно место. Оштетените видно исплашени си ги зеле своите работи, го напуштиле вагонот и го пријавиле. Во возот влегле овластени службени лица, кои го привеле осомничениот и го однеле во полициска станица.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднел предлог за определување мерка притвор за осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од криење, односно дека ќе се даде во бегство, постои оправдан страв дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и вештаците, како и особени околности, кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.
Судот го прифатил предлогот на Обвинителството и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: „Многу сум разочаран од Путин, ќе го скратам рокот од 50 дена“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во Шкотска изјави дека ја разгледува можноста за скратување на рокот од 50 дена што му го даде на рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина пред да воведе царини до 100 проценти за Русија и нејзините трговски партнери, објавува „Политико“.
„Разочаран сум од претседателот Путин, многу сум разочаран од него, па затоа ќе мора да ја разгледаме ситуацијата и ќе ги намалам 50-те дена што му ги дадов на помалку бидејќи мислам дека веќе го знам одговорот“, изјави Трамп пред новинарите во Тернбери, Шкотска.
Порано во јули Трамп му постави ултиматум на Путин предупредувајќи дека потенцијалните економски санкции против Москва и нејзините трговски партнери би биле катастрофални ако конфликтот не заврши до почетокот на септември.
„Мислевме дека сме го решиле тоа неколкупати, а потоа претседателот Путин излезе и почна да лансира ракети кон некој град како Киев и уби многу луѓе во дом за стари лица или нешто слично“, додаде Трамп во денешната изјава.
Фото: принтскрин
Македонија
И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред полноќ паркирани пред трговскиот центар „Мавровка“, премиерот Христијан Мицкоски не знае дали таму биле на владин состанок. Тој денес рече дека ќе ги праша на каков состанок биле со службените возила.
„Ние како Влада работиме до доцна навечер, и јас исто така. Сигурно биле на состанок во кој имало потреба и поврзани работи со Владата, а доколку не биле, тогаш треба да им се извинат на граѓаните. Ако ги користеле за приватни или партиски цели, да им се извинат на граѓаните затоа што ги трошат ресурсите на граѓаните. Но, доколку имале состанок на тема поврзана со владините политики, тогаш во ред. Претпоставувам дека тие ќе го дадат одговорот, а и јас ќе ги прашам“, рече премиерот Мицксоки.
Екипа на „360 степени.мк“ на 18 јуни објави дека ги фотографирала службените автомобили на заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, и на вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, паркирани на булеварот Крсте Петков-Мисирков пред трговскиот центар „Мавровка“ околу 23 часот, во близина на партиски штаб на „Вреди“, чии членови се обајцата.
Вицепремиерите сѐ уште јавно не кажаа на каков состанок биле.
За да се избегне користењето службени возила за приватни и за партиски цели, оваа Влада најави регистарски таблички во боја за да може секој граѓанин да ги разликува од приватните возила и да пријави сомнеж за злоупотреба, но најавата сѐ уште не е реализирана.
Македонија
Мицкоски за интерпелацијата на Коцевски: Јас не ги менувам ставовите преку ноќ

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски вели дека не го менува ставот ниту тој како човек ниту, пак, го менува ставот партијата ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски уште во март, по пожарот во Кочани, рече дека ќе им даде шанса и на Коцевски и на другите обвинители да работат и да сработат имајќи ја предвид чувствителноста на ситуацијата и ја сопре петходно почната постапка за негово разрешување.
„Јавноста ќе види утре. Ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ“, рече премиерот Мицкоски одговарајќи новинарски прашања по свеченото отворање базен во ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода.
Интерпелацијата за Коцевски ја поднесе партијата Левица во јуни поради селективност во истрагата за пожарот во Кочани, политичко влијание во работата на Обвинителството, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство Скопје и непостапување по службена должност за дивоградбите во Скопје.
Пратениците утре ќе расправаат за интерпелацијата на Коцевски во рамките ја 64. пленарна седница на Собранието.
Обвинителот Коцевски ги отфрли сите наводи во интерпелацијата и рече дека функцијата ја врши чесно и одговорно.