Контакт

Македонија

Судскиот совет го изгуби кредибилитетот и не може да одговори на задачите, вели Грковска

Објавено пред

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со експертот за правни прашања Бранко Хрватин, кој ќе го предводи експертскиот тим делегиран од Европската Унија што ќе спроведе оценска мисија на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Хрватскиот врховен судија е во посета на нашата земја со цел да направи воведни подготовки во пресрет на оценската мисија на ЕУ, што ќе се реализира во септември и која ќе ја испитува институционалната рамка на Судскиот совет и ќе предложи краткорочни и среднорочни мерки.

Вицепремиерката Грковска изрази благодарност за поддршката што нашата држава ја добива од Европската Унија, особено во делот на правосудниот систем, кој е клучна алка во справувањето со корупцијата и организираниот криминал. За жал, нагласи таа, сведоци сме дека Судскиот совет како една од најважните институции, кој треба да гарантира независност, објективност, ефикасност и квалитет во правосудниот систем, го изгуби кредибилитетот и не може да одговори на задачите што ги има пред себе.

Вицепремиерката Грковска истакна дека, и покрај сите процеси на унапредување на регулативата и јакнење на капацитетите, нема знаци на унапредување на интегритетот кај некои од судиите, кој е предуслов за отпорност на правосудниот систем од сите форми на влијание.

Правниот експерт Хрватин истакна дека оценката мисија во основа ќе биде поддршка за нашата земја во делот на детектирање на слабостите во правосудниот систем во случајот на позиционираноста на Судскиот совет, што ќе биде добра основа за преземање натамошни реформски чекори.

Вицепремиерката Грковска информира дека во рамките на досегашните активности на нејзиниот Кабинет детектирани се одредени слабости, при што хрватскиот експерт Хрватин нагласи дека секој предлог што се однесува на подобрување на состојбите во Судскиот совет, а кој произлегол од досегашното практично искуство, ќе биде добредојден за анализата што треба да ја подготви експертскиот тим ангажиран од ЕУ.

Двајцата соговорници се согласија дека уставно загарантираната независност на правосудниот систем е тесно поврзана со одговорноста, која во овој случај е голема и директно поврзана со интересите на граѓаните. Истовремено, на состанокот беше заклучено дека транспарентноста е важен елемент во јакнењето на правосудниот систем, но и општеството воопшто.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока

Објавено пред

Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.

Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.

Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.

Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела

Објавено пред

Утре времето ќе биде променливо облачно, со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните од 7 до 11 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во дел од пониските места.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јаневска: Македонија доби 8,2 милиони евра од ЕУ за спроведување на ЕРАЗМУС програмата во 2026 година

Објавено пред

За спроведување на ЕРАЗМУС + програмата на Европската комисија наменета за образование, обука, млади и спорт, Македонија годинава доби најголем буџет откако во истата учествува како програмска земја. Со речиси 8,2 милиони евра ќе се финансираат заеднички проекти на македонските образовни установи, институции и граѓански организации со партнери од земјите во ЕУ, како и кратки истражувачки и студиски посети.

dobivaj vesti na viber

Можностите за вмрежување, приоритетните области, постапката за изработка и роковите за аплицирање со проекти денес беа претставени на конференција на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во присуство на ректори на јавните и приватните високообразовни установи во државава, претставници на училишта, граѓански здруженија и други потенцијални корисници на средства во рамки на ЕРАЗМУС програмата, се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов.

На конференцијата беше посочено дека во фокусот на програмата се младите, односно јакнење на нивното знаење и вештини во границите на ЕУ, со кои потоа ќе придонесат за развој на сопствената држава.

Министерката Јаневска смета дека и оваа година ќе има ефикасна искористеност на можностите, затоа што државата има зајакната законска основа во која задолжителни компоненти се мобилноста, европската димензија и меѓународната соработка, зајакнати се и капацитетите на Националната агенција каде има ново раководство и добра внатрешна структура, а воедно и МОН како национален авторитет ги засилува механизмите за контрола на целиот процес за спроведување на програмата ЕРАЗМУС.

Таа ги повика заинтересираните кандидати да ги разгледаат можностите и со свои проекти да аплицираат на повиците за распределба на средства, што Националната агенција ќе ги објави на 19 февруари, односно на 5 март.

Македонија е дел од ЕРАЗМУС програмата уште од нејзиното воведување од страна на Европската комисија во 2014 година, кога буџетот изнесуваше 3,5 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија15 часа

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија16 часа

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет19 часа

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија19 часа

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија19 часа

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија19 часа

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет20 часа

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ21 час

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет22 часа

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет23 часа

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет23 часа

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...

Македонија24 часа

Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во...

Европа24 часа

(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот

Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле....

Македонија2 дена

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....

Македонија2 дена

Грипот стивнува, намалени бројките на новозаболени, но остануваат препораките за маска во простории со многу лица

Институтот за јавно здравје и оваа недела пријави помал број новозаболени од грип и заболувања слични на грип. Директорката Марија...

Македонија2 дена

Брисел ги прифати барањата, возачите се признаени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците, објави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино...

Македонија2 дена

Бислимоски и РКЕ очекуваат расчистување на случајот со „Тритерол Петрол“: Постапено е согласно закон

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени...

Топ2 дена

Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантираните права на Македонците во Бугарија и без гаранции дека нема да се соочуваме со блокади од субјективни причини

На денешната собраниска седница за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Скендер Реџепи околу уставните...