Свет
Британија ќе го прогласи „Вагнер“ за терористичка организација

Обединетото Кралство ќе ја прогласи групата „Вагнер“ како терористичка организација во рок од неколку недели, според владините инсајдери, кои зборувале за „Фајненшл тајмс“. Се очекува министерката за внатрешни работи, Суела Браверман, да го објави назначувањето набргу според овластувањата според законот за тероризам од 2000 година, објави весникот.
Велика Британија веќе воведе санкции за групата „Вагнер“, нејзиниот шеф Евгениј Пригожин и други поврзани личности, но беше критикувана дека не дејствува побргу за да го спречи растечкиот дофат на руската платеничка група.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
И Кина издаде предупредување за цунами по земјотресот од 8,8 степени во Русија

Силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија, предизвикувајќи цунами високо до четири метри, оштетувајќи згради и активирајќи предупредувања и евакуации низ Тихиот Океан.
Неколку лица беа повредени во тој оддалечен руски регион, а на населението на поголемиот дел од источниот брег на Јапонија, кое силно страдаше во катастрофалниот земјотрес и цунамито од 2011 година, му беше наредено да се евакуира. „Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во последните десет години“, објави гувернерот на Камчатка на Телеграм.
Регионалниот министер за вонредни ситуации Сергеј Лебедев објави дека по земјотресот е регистрирано цунами од 3 до 4 метри. „Сите мора да се оддалечат од брегот“, рече Лебедев во видео на социјалните медиуми.
Американскиот сеизмолошки институт објави дека земјотресот бил на длабочина од 19,3 км, околу 125 км од Петропавловск, град со 165.000 жители на брегот на заливот Авача.
Кинескиот центар за предупредување од цунами објави дека се очекува бранови со висина помеѓу 30 сантиметри и еден метар да го погодат источниот брег на земјата.
Во официјалното соопштение на центарот се вели: „Врз основа на најновите предупредувања и резултатите од анализата, Центарот за советување за цунами при Министерството за национални ресурси утврди дека земјотресот предизвикал цунами, за кое се очекува да предизвика штета во одредени крајбрежни области на Кина“.
Предупредувања за цунами без издадени и за Јапонија и Хаваите.
Свет
(Видео) Брановите удрија во брегот – први снимки од цунами по разорниот земјотрес во Русија

Првиот бран на цунами ја погоди крајбрежната зона на Северно-курилскиот регион, откако Камчатка беше погодена од разорен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта.
„Првиот бран на цунами ја погоди крајбрежната зона на Севернокурилскиот регион. Жителите на населбата се на безбедно високо место и ќе останат таму сè додека заканата од повторени бранови целосно не се отстрани“, се вели во соопштението на гувернерот на Сахалинскиот регион Валериј Лимаренко.
NOW – Tsunami waves hit Russian coast along Severo-Kurilsk. pic.twitter.com/1cxuFHohVL
— Disclose.tv (@disclosetv) July 30, 2025
Според податоците на Министерството за вонредни ситуации на Русија, самиот град и компанијата за преработка на риба „Алаид“ беа потопени како резултат на катастрофата.
Видео што кружи на социјалните мрежи покажува како морето „се втурнува“ во длабочините на копното со брзина на молња, додека големи бранови се развиваат на отвореното море.
Издадено е предупредување за цунами за западниот брег на САД, Јапонија.
Ова е најсилниот земјотрес регистриран во последните 14 години, поточно од катастрофалниот земјотрес во Јапонија во 2011 година, со јачина од 9,1 степени според Рихтеровата скала, кој однесе повеќе од 19.000 животи.
Свет
Сирените се огласија на Хаваите по предупредувањето за цунми, луѓето со автомобили бегаат на безбедно

Новинарот Џон Летман кој живее на Кауаи, најстариот хавајски остров, објави дека сирените за предупредување за цунами се огласиле втор пат во 16:10 часот по локално време и можеле да се слушнат на повеќе острови, вклучувајќи ги Оаху и Кауаи.
Кајл Каџихиро, доцент на Универзитетот Хаваи-Маноа, бил на кампусот кога го добил предупредувањето за цунами на својот мобилен телефон. Каџихиро рече дека кампусот се затвора и сообраќајот на автопатите во Хонолулу е значително густ.
На Кауаи, кратко откако беше издадено предупредувањето за цунами, персоналот во Националната тропска ботаничка градина ги прекина турите на нејзиниот јужен брег и ги премести сите посетители и персонал од зоната на поплавување на повисоки места.
Денешниот силен земјотрес се рангира меѓу десетте најсилни во историјата, потврди во интервју за Би-Би-Си доцентката Хелен Јанишевски од Одделот за геофизика и тектоника на Универзитетот на Хаваи. Според Геолошкиот завод на САД (USGS), земјотресот со магнитуда од 8,8 степени го дели шестото место на листата на најсилни земјотреси некогаш регистрирани, изедначувајќи се со земјотресот во Биоби во Чиле во 2010 година и оној во Есмералдас, Еквадор во 1906 година.
Силниот земјотрес го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија, предизвикувајќи цунами високо до четири метри, оштетувајќи згради и активирајќи тревоги и евакуации низ Тихиот Океан.
Неколку лица се повредени во тој оддалечен руски регион, а на населението на поголемиот дел од источниот брег на Јапонија, кое силно страдаше во катастрофалниот земјотрес и цунамито од 2011 година, му беше наредено да се евакуира.
„Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во последните десет години“, објави гувернерот на Камчатка на Телеграм.