Региони
Штипјанец десет години живеел во шума – Општината и Црвениот Крст му обезбедија сместување и храна
И гладен и жеден 60-годишниот Тоше Лазаров од Штип, 10 години живеел во шума блиску до градот.
Лошото Лазаров го удрило одненадеж и од сите страни. Прво починала жената, потоа фирмата каде работел пропаднала, а кога добил мозочен удар, од него се откажале и синовите. Поради ова, наместо дома, по излегување од Скопска неврологија тој завршил во напуштена вила близу Штип. Оттогаш досега, цели 10 години главата му е наведната, очите полни солзи , а стомакот празен.:
– Една деценија сум вака , без струја, без вода, без ништо. Некогаш по цела недела не сум јадел леб – кажа за ТВ Стар низ солзи Лазаров.
Она што Лазаров го преживеал овие 10 години го знаат малкумина:
– Целиот е рани. Неколкупати го напаѓаа животни. Кога можев му помагав, му носев храна – рече Орце Николовски, пријател на Лазаров.
Од денес, за Лазаров почнуваат подобри денови. Со интревенција на Црвениот крст и Општината, тој е сместен во соба во комплексот Света Недела:
– Му донесовме храна, лекарска помош, а ќе посредуваме и за негово натамошно лекување – рече Никола Камчев, Црвен Крст – Штип.
Наскоро Лазаров ќе добие и социјална заштита:
– Ги добивме податоците и истиот ќе биде внесен во системот на социјална заштита – вели Наталија Панова, директор на Центарот за Социјални работи – Штип.
Ова донекаде ќе ја ублажи физичката траума на Лазаров, но трагите на душата веројатно ќе болам цел живот. Отфрленоста и животот во дивина се нешто што тешко се преболува. Во комплексот Света Недела има десетина жители каде општината помага со храна и со плаќање на сметките за струја и вода. Тенденција на општината и градоначалникот Илчо Захариев е комплетно да се уреди манастирскиот комплекс за да се обезбеди повеќе место и за други луѓе кои имаат потреба од кров на глава, наведува „Старплус“ на ТВ Стар. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.