Топ
Едниот продавал, другиот купувал марихуана, двајцата добија кривични пријави

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.С.(25) и А.А.(20), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 23 април 2024 на ул.„Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници кај второпријавениот пронашле и одзеле марихуана која ја купил од првопријавениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и од Грција

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјата, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден во Шведска. Во согласност со протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор.
Во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција 8 пациенти, Словенија 4 пациенти, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и во Литванија се хоспитализирани по 3 пациенти, во Италија и воПолска по еден пациент.
Во Скопје на Клиниката за токсикологија вчера беше хоспитализиран пациент по враќањето од Полска, тој денеска се пушта на домашно лекување.
На Клиниката за пластична хирургија остануваат двајца пациенти, а на хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ има 6 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 5 пациенти, од кои еден е планирано да биде пуштен на домашно лекување, на Клиниката за пулмологија двајца пациенти, а во приватната болница „Систина“ се хоспитализирани тројца пациенти.
Министерството за здравство внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани, велат од Министерството.
Македонија
Мицкоски за средба со Филипче: Стојам на располагање во секое време, јас сум сериозен човек

Подготвен сум да го примам на средба претседателот на СДСМ, Венко Филипче, но непристојно е за ова да се разговара преку медиуми. Јас сум сериозен човек и најмалку што треба е да се прави естрада на јавна сцена, изјави премиерот Христијан Мицкоски откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција рече дека е потребен концепт за нов општествен и политички дијалог и дека е спремен во следните денови за ова да разговара со премиерот.
На новинарско прашање дали ќе има среда со Филипче, Мицкоски рече дека стои на располагање во секое време.
„Јас кажав дека ова е сериозна тема и за сериозна тема се седнува и се разговара. За мене е непристојно преку медиуми да се разговара. Јас реков, подготвен сум да го примам на средба претседателот на СДСМ да го образложи планот, бидејќи се сериозни времиња, јас сум сериозен човек и најмалку што треба е да се прави естрада на јавна сцена. Доколку навистина има план и желба да помогне стојам на располагање во секое време, на полноќ на полноќ, после полноќ после полноќ. Кога ќе каже тогаш, да го сослушам неговиот план и да видиме дали може со тој план нешто да се реши“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека, сепак, нема да прифати секакви планови.
„Доколку планот опфаќа „пристап Стабри“ како што беше за време на короната, тогаш јас такви планови не можам да прифатам“, рече Мицкоски.
Македонија
Со едноминутен молк за жртвите во Кочани, ССМ на улица ја отвори првата јавна седница, бараат 500 евра минимална плата

Голем број членови на највисокото раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), придружувани од работниците, точно во 12.05 часот денес на улица ја отворија првата јавна седница. На нога претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, го прочита дневниот ред со само три точки, кој беше едногласно прифатен, а седницата почна со едноминутен молк за жртвите во Кочани.
„Имајќи предвид дека првата јавна седница на ССМ се одржува денес во исклучително тажни услови, со едноминутно молчење да им оддадеме почит на трагично загинатите луѓе во Кочани. Слава им. Брзо закрепнување на сите повредени“, рече Трендафилов.
Прва точка на дневниот ред на јавната седница е пораката што сакаат да ја пренесат пред Собранието дека не може да има за пратениците, а да нема за работниците. Втората точка е дека подадената рака од работникот денес може да стане стисната тупаница утре, а трета точка е најважната порака што сакаат да ја упатат до Владата дека не може да се одлучува за работниците без работниците.
ССМ останува на барањето минималната плата да биде 500 евра за што веќе испратија предлози и до Собранието и до Владата.