Топ
Притвор доби малолетникот кој со нож нападна две деца во Карпош
Полициски службеници од СВР Скопје вчера лишиле од слобода малолетник од с.Ласкарци, скопско. Тој се сомничи дека на 28.10.2024 на автобуска постојка кај трговски центар на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил малолетник од Скопје и дека на 13.11.2024, исто така, на автобуска постојка на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил друг малолетник од Скопје, соопшти МВР.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по консултација со јавен обвинител, поднесена му е кривична пријава по итна постапка по член 386 од Кривичниот законик.
Судија на претходна постапка на малолетникот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во земјава има околу 130 илјади пациенти со дијагностициран дијабетес
Во Македонија има околку 130 илјади дијагностицирани пациенти со дијабет. Изминатата година дијабетичарите ја прогласија за најтешка бидејќи немаа терапија. Под мотото „Благостојбата кај лицата со Дијабетес – создаваме дијабетес култура“денеска Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија го одбележи Светскиот ден на дијабетесот.
Како што беше посочено на настанот, дијабетесот во земјава е во подем и има околу 130 илјади пациенти со дијагностициран дијабетес, како и уште половина од оваа бројка лица кои што не се дијагностицирани. Под мотото „Благостојбата кај лицата со дијабетес“ беше испратена порака за превенирање на компликациите на пациентите, да се обрне внимание на примарната заштита, како и навремено да се поставуваат дијагнозите на пациентите за отпочнување со терапија.
Претседателот на СЗДСМ, Велев, посочи дека е потребна достапност на иновативната терамија, како и да се продолжи со инсулинската терапија како досега. Повика на промена на моделот на т.н. референтна цена за граѓаните да можат сами да ги набавуваат потребните лекови во аптека.
– Го одбележуваме Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември, оваа година како финале на сите активности на 25-те здруженија од земјава, да ги слушнеме нивните гласови преку тие активности и да се решат нивните проблеми. Пред се достапност на иновативната терапија, да се продолжи со инсулинската терапија како што е, да се промени моделот на достапност на т.н. референтна цена, кај што граѓанинот, односно пациентот сам ќе си зема од аптека, систем за сите лица со дијабетес тип 1 во Македонија со цел да се намалат компликациите, да се намали нивното отсуство од работа и да се зголеми продуктивноста, со квалитетно менаџирање на тој систем за континуирано мерење на гликемија и секако ќе расте бројот на лица кои носат Т-1 пумпи, посочи Велев.
Нагласи дека кардиоваскуларните заболувања се процентуално најзастапени, потоа ретинопатијата, затоа, додаде, потребно е час поскоро да се стави терапијата за ретинопатијата на позитивната листа.
– Кардиоваскуларните заболувања се најбројни, потоа ретинопатијата. Сакаме час поскоро да ја имаме таа терапија, наместо да ја купуваме приватно, која е многу скапа, да биде ставена на позитивна листа и да има за сите пациенти, а не како сега со ограничен пристап, додаде Велев.
Заменик министерот за здравство Андовски, пак, истакна дека Министерството е во преговори со Светската здравствена организација за проширување на превентивните програми.
– Министерството за здравство е во длабоки преговори со Светската здравствена организација за проширување на превентивните програми, бидејќи сметам дека треба таму се фокусираме. До крајот на годината ќе излеземе со детали во однос на проширување на програмите, рече Андовски.
Топ
Се апсеа дилери на дрога, за четири часа полицијата приведе 12 лица
По преземени мерки и активности на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во периодот од 23.20 часот на 15.11.2024 до 03.50 часот на 16.11.2024 привеле 12 лица, соопшти МВР.
Б.П.(29) од Скопје бил приведен затоа што кај него биле пронајдени таблети, кај Б.Ј.Р.(21) од Скопје била пронајдена бела грутчеста материја, кај А.С.(21) од Битола, а со живеалиште во Скопје, била пронајдена бела прашкаста материја, кај С.Т.(23) од Битола, а со живеалиште во Скопје, била пронајдена таблета, кај Н.Н.(28) од Куманово бела прашкаста материја, кај А.С.(24) од Прилеп таблети, кај Д.М.(20) од Битола грутчеста материја, кај О.С(30) од Битола прашкаста материја, кај М.К.(23) од Битола бела грутчеста материја, кај И.К.(21) од Велес таблета, кај К.Л.(31) од Скопје таблети и кај Д.Р.К.(24) од Тетово била пронајдена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Македонија
Откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 4 703 216 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 14.4 %.
Откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е намален за 19.5 %, а продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e намалена за 8.2 %.
Од вкупната вредност на откуп и продажба на земјоделски производи по групи, забелeжано е намалување на вредноста кај млечните производи, а зголемување кај рибата, лозарството и кај полјоделските производи.