Контакт

Анализа

Самоубиствата на директорите ја менуваат сликата за Швајцарија

Објавено пред

Необично големиот број на самоубиства на бизнисмени во Швајцарија ја наведе деловната заедница длабоко да се замисли како бизнисмените на високи позиции се носат со стресот, во време додека нивните компании се борат за одржување на статусот во глобалната економија.

dobivaj vesti na viber

Минатонеделната смрт на поранешниот извршен директор на осигурителната куќа Zuerich Мартин Сен се случи по помалку од три години од самоубиството на финансискиот директор на компанијата на Pierre Wauthier.Wauthier во прошталното писмо навел дека бил под голем притисок од страна на претседателот на управата Џозеф Акермен, но неговиот надреден во истрагата бил ослободен од обвинувањата.Мартин Невил, извршниот директор на швајцарско-американската трговска комора вели дека бизнис заедницата била шокирана од смртта на Сен и Wauthier, прашувајќи се дали тоа можело да се спречи.„Единствено што може да се направи е да се обрне поголемо внимание на сигналите“, вели тој.Невил ги познавал обајцата, како и Карстен Шлотер, Германецот на чело на швајцарската телекомуникациска компанија Swisscom, кој си го одзеде животот во 2003 година, како и Алекс Видмер, челникот на банката Julius Baer, кој се самоуби во 2008 година.Нивните судбини се во спротивност со сликата на Швајцарија како една од најбогатите и најстабилни земји во светот.Стапката на самоубиства во Швајцарија е под светското ниво, слично како во Германија, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.Невил вели дека самоубиствата не можат да се објаснат со швајцарската работна култура.„Секој случај е за себе. Човечките суштества се толку комплицирани“, рече Невил.Но, останатите говорат за генерација менаџери, во јазот меѓу многу амбициозните меѓународни инвеститори и конзервативната швајцарска традиција.„Ако не успееш, се очекува да се исклучиш од разговорот и да се откажеш од сите идни амбиции. Од тебе се очекува повеќе да не се појавуваш“, вели Сузан Киш, поранешна банкарка во UBS.Швајцарија изминатите години ја погоди забавен економски раст и висок курс на франкот, што му наштети на извозот. /крај/хн/ст

Извор:

Анализа

Разорувачкиот пример на економски и социјален „мазохизам“

Објавено пред

Откако пред неполни три години човештвото се соочи со глобалната пандемиска – здравствена криза што мултиплицирано се зголеми на почетокот од оваа 2022 година со руската воена инвазија во Украина, согласно сите извештаи за реалните состојби, научни анализи и аргументирани предвидувања извесно е дека оваа есен – зима ќе кулминираат економската, енергетската, инфлаторната, ценовната и социјалната криза со епски пропорции.

dobivaj vesti na viber

Jeff Bezos, основачот и извршен претседател на „e-commerce” гигантот Amazon, кој е најрелевантен барометар за „здравјето” на јавната потрошувачка односно, клучниот генератор на економскиот развој, предупредува на неизбежност од голема рецесија на светската економија. Истите ставови ги споделуваат и David Solomon (CEO Investment Bank Goldman Sachs) или пак Jamie Dimon (CEO JP Morgan Chase) кој по последното интервју од 10 октомври ќе изјави дека „економијата ќе влезе во рецесија следните шест до девет месеци”.
Elon Musk (CEO Tesla & SpaceX), е уште попрецизен велејќи дека „ние сме веќе во рецесија која веројатно ќе трае до пролетта 2024 година и само најјаките ќе преживеат”.

Ваквата драматична криза кај сите национални економии наметна алармантна, вонредна состојба која пак ургентно бара вонредни и радикални економски стратегии и оперативни мерки за одржување во живот и избегнување на целосен економски колапс.

Скоро без исклучок сите одговорни политички, економски и финансиски лидери од европските земји се согласуваат со дијагнозата дека се работи за најсериозна ,,ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА ЗАКАНА” која наметнува неопходност од нови приоритети преку забавување или целосно времено одложување на претходно донесените национални стратегии и развојни проекции.

Метафорично, кризата ги претвори националните економии како „пациент во клинички шок со акутни животно загрозувачки проблеми каде се неопходни интервентни реанимациони процедури а не некакви блазирани совети за долгорочните погодности од поинтензивно пешачење и физички вежби во природа на чист воздух или пак совети за органска исхрана и здрав диетален програм(!?)”.

Така на пример германскиот канцелар и неговиот владин кабинет интервентно одлучија да го стопираат планираното затворање на преостанатите три нуклеарни централи, но и да рестартираат неколку од веќе „пензионираните” нуклеарни капацитети. Од егзистенцијална важност е да се обезбеди електрична енергија за домаќинствата, индустријата и инфраструктурата во Германија.

Ваквата тешка одлука е донесена и под голем притисок на неколку други партнерски земји од ЕУ, како Словачка и Унгарија. Белгија исто така планираше да ги затвори своите два нуклеарни реактори (со капацитет од 2.1 GW) до 2025 година, но во март одлучија да ги задржат во функција барем за уште 10 години. „Bloomberg” објави дека новата влада на Шведска ќе побара од државната компанија „Vattenfall AB” да планира и изгради нови нуклеарни централи за да ја задоволи растечката побарувачка на електрична енергија во земјата.

Притисната од драматичната реалност, германската влада прави „очајнички” обиди за да го задржи функционирањето на националната економија но и запалените светла и снабдување со електрична енергија во сите домаќинства за да се помине зимата. И покрај претходно прифатената обврска на Германија за постепено исклучување на ископување и користење на јаглен до крајот на оваа декада, во оваа нова реалност се вратија назад на најсигурниот и најбрз начин на производство на електрична енергија од фосилните горива. Така, во овие неколку месеци ефикасно возобновија и вратија во функција на неопределено време, најмалку 20 термо електрани на јаглен. Ветерните турбини близу до отворениот коп на рудникот „Garzweiler” во Северна Рајна-Вестфалија а со кој управува германскиот енергетски гигант „RWE”, се демонтираат и отстрануваат за да се отвори простор за проширување на копот и интензивна експлоатација на јаглен.

Дури и најавторитетните граѓански групации за заштита на животната средина се согласуваат дека јагленот е најбрзиот но и најефикасниот одговор на енергетската криза. Karsten Smid од „Greenpeace Germany” вели „Ние мораме да разбереме дека кризната состојба во која би немале енергија, би немале струја нити топлина во домовите и канцелариите оваа зима, е далеку посериозно прашање од било која друга тема и заложба”.
Факт е дека во кризни времиња генерално сите луѓе покажуваат поголем интерес за информации, читање, проучување, слушање и осознавање.

Така дури и најекстремните екологисти ја разбраа и прифатија реалноста дека без рударство и многукратно зголемување на неопходните количини од ретките, критични минерали и метали (бакар, литиум, никел, графит, кобалт…), општоприфатената програма за глобална транзиција во „зелена економија” – е само обична ДЕКЛАРАТИВНА ЖЕЛБА! Според извештаите на Светска Банка, притисокот за „зелена” технологија и производство на енергија од обновливи извори (ветер, сончева и геотермална), како и високософистицираните решенија за складирање на таквата енергија ќе резултира со побарувачка од околу 3 милијарди тони минерали и метали, односно ќе биде потребно 500% зголемување на производството на критични минерали и метали до 2050 година. Неизбежно се наметнува заклучокот дека современото одржливо рударство е клучна алка во процесот на транформација кон „зелената економија”.

Видлив е трендот да големите автомобилски компании како Ford, Chrysler, Volkswagen, Mercedes, кои се обврзаа за забрзана транзиција и замена на нивните производни програми со електрични возила широко достапни до 2035 година (!?), интензивно стратешки се поврзуваат капитално со големите рударски компании кои работат и применуваат нови технологии и високи стандарди за одржливо рударство.

Така и американската администрација на претседателот Joe Biden неодамна додели грант од вкупно 2.8 милијарди долари за значително поттикнување на домашното рударство на критичните минерали и метали потребни за производство на моќните батерии за електричните возила.

Доколку во контекст на сé претходно наведено во овој текст повторно се навратам на разочарувачкиот пример со сосема неоправдано наметнатата неизвесност или повеќегодишниот „limbo” статус на Проектот за мега странската инвестиција – рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”, неизбежно ќе воочиме дека во односот на нашата држава кон овој проект има јасни елементи на економски, финансиски, енергетски и социјален „МАЗОХИЗАМ”.

Искрено, како горд македонски државјанин чувствувам наплив на „срамотизам” при самото потсетување на крајно непристојното игнорирање и упорно избегнување на директна конструктивна комуникација со највисокиот менаџмент и бордот на директори на проектната компанија Euromax Resources, како и со клучните инвеститори со потврдено позитивен авторитет на глобалната деловна сцена. Со неодговорно наметнатата административна „рашомонијада” кон овој Проект (во последните 7 години!), како да постои некаков нерационален „мораториум” за објективно согледување на реалноста и за повлекување на практични и ефективни одлуки. Се прашувам зошто, дури и во вакви најкризни времиња, кај нас се повторува синдромалното пореметување на деструктивна „умствена миопија” додека и понатаму продолжуваме да пимпламе со односот кон нашата колективна иднина.

Пасивноста, игнорантноста и самосожалувањето со својата „мртва тежина” не притискаат и во ваква драматична криза се всушност најголемата неправда кон сите нас. И покрај нашите политички, етнички, верски, социјални и културни различности, крајно време е СИТЕ да се обединиме во справувањето со овие егзистенцијални предизвици, да се обединиме за опстанок но и за прогрес, за отворање на нови работни места, за повисок животен стандард, конечно стопирање на иселувањето, посреќен и подостоинствен живот!

Да бидам конкретен – Во актуелните турбулентни времиња единствена реално остварлива, повторувам единствена реална мега – странска инвестиција која е веќе присутна во нашата држава и е целосно подготвена ВЕДНАШ да започне со оперативна реализација е токму проектот на Euromax Resources за современ рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”! Само за првите две години на изградба обезбеден е буџет за инвестирање на 350 милиони евра; во текот на целиот период на оперативно функционирање редовно ќе се исплаќаат по околу 75 милиони евра секоја година на повеќе домашни кооперанти; секоја година ќе се уплаќаат приближно по 25 милиони евра во државниот буџет, а околу 4 милиони евра во буџетите на локалните управи; рударскиот комплекс ќе генерира редовен извоз од околу 200 милиони евра годишно; според актуелните статистички податоци се проценува дека ќе придонесе за просечно зголемување на Бруто Домашниот Производ – БДП, за околу 4% на национално ниво; за целокупното времетраење со оперативното работење потребни се 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии…

Клучен инвеститор е глобалниот деловен гигант – Групацијата TRAFIGURA или една од водечките светски дистрибутерски, трговски, логистички и производни компании. Тие се лидери во секторот на „commodities” или природни суровини кои ни се неопходни за „преживување” оваа зима, како нафта и нафтени деривати, природен гас, LPG&LNG, метали и минерали, енергија и обновливи извори на енергија. Мултинационална корпорација која има свои компании во 48 држави на сите континенти. Во финансиските резултати за 2021 година, Групацијата TRAFIGURA објави приход од 231.3 милијарди долари (што е за цели 16 пати поголем износ од македонскиот БДП!), а само за првата половина од 2022 година вкупниот приход изнесува 170.6 милијардри долари и нето профит од 4.7 милијарди долари…

А ние, ние со празните реторики, бескрајните игри и одолговлекувања наместо да побараме соработка неразумно ги присилуваме да дигнат раце од инвестицијата во овој мега Проект, но и од повеќе други потенцијални проекти во нашата држава каде како партнери со Групацијата TRAFIGURA, сосема извесно и за многу краток период би можеле да постигнеме реален пресврт со забележителен економски, енергетски, финансиски и социјален прогрес.

Д-р. Живко Груевски

ПР

Прикажи повеќе...

Анализа

Мицкоски: Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана-картели, корупција и криминал

Објавено пред

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на „Фејсбук“ пишува дека „македонските граѓани плаќаат најскапа струја во споредба со граѓани на другите држави во регионот. Невистини се тврдењата на Владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најевтина струја во Европа. Имено, според Евростат, цената на струјата што македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5 €/MWh“.

dobivaj vesti na viber

„Според Евростат, во првото полугодие од 2022 година граѓаните во регионот плаќаат многу поевтина струја (слика 1) во споредба со македонските граѓани:
Србија 58,9 €/MWh
БиХ 73,3 €/MWh
Турција 74,8 €/MWh
Косово 55,5 €/MWh
Црна Гора 79,2 €/MWh

Ветуваа живот, евтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн… а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа струја за цена од 69,5 €/MWh (слика 2) или 22,5 % помалку од цената на струјата што ја плаќале во првото полугодие од 2022 година“, стои во објавата на првиот човек на опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Владата ќе направи целосен ремонт на урбанизмот

Објавено пред

Владата подготвува пакет-измени на постојните и носење целосно нови уредби кои ќе ги опфатат законите за градење, за просторно и за урбанистичко планирање, за катастар, за експропријација, за еврокодови, најавува денес „Дојче веле“.

dobivaj vesti na viber

Веќе било формирано национално координативно тело во кое се вклучени претставници од Владата, од министерствата, од општините, од другите надлежни институции, како и од здруженијата на архитекти, на градежници, но и претставници на стручната и научната фела со кое раководи професорот Мирослав Грчев.

„Во следните два месеца ќе изготвиме интервентни измени на кои стручњаците укажаа, пред сè, со цел да се отстранат аномалиите и противречностите. Потоа ќе започнеме со изработка на сосема нов сет закони, процес што ќе трае 7-8 месеци“ откриваат од Владата.

Само Законот за градењето во последните 5 години бил менуван 25 пати. Со ова, според надлежните, настанал вистински хаос во регулативата и на терен. Речиси на иста линија е и стручната фела. Во Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ) сметаат дека е крајно време да се воведе ред.

Урбаниот хаос ќе се средува и со законски измени и со засилен надзор, велат од Владата. Сепак, негираат дека ќе има уривање на објекти – сè што досега било направено, а било во рамките на постојните закони, ќе остане.

„Основна цел е подобрување на животот на граѓаните. Урбаниот хаос го нарушува просторот. Во Скопје досега масовно се градеше без план, проблемот е помал во другите градови, но таму не се внимаваше воопшто на она што се нарекува архитектонско решение или урбанистички изглед на локалната единица… Ова е болната точка што ќе треба да ја коригираме иако нема можност состојбата целосно да ја вратиме назад, но мора да ја смениме генералната перцепција дека во сферата на урбанизмот владее хаос, дека владее корупција и тоа е она што нè боли сите нас“, велат извори во Владата.

Архитектите предупредуваат дека, освен законските измени, мора да се донесат и сосема нови урбанистички планови и тоа не само за главниот град.

Каква е моментната состојба доволно зборува податокот дека сега во централното градско подрачје на Скопје во тек е изградба на десетици големи станбени згради, од кои добар дел и со по стотина и повеќе стана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп. „Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од...

Свет5 часа

Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската...

Топ10 часа

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија10 часа

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...

Економија10 часа

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија11 часа

Данела Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

За Денот на пожарникарите, 20 Мај, Бригадата за противпожарна бригада на Скопје доби уште едно ветување за поголема плата и...

Македонија11 часа

Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб-страницата

„Владата на Република Северна Македонија нема испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај, кој се...

Топ12 часа

Загина кумановец, возилото во кое се превезувал излетало од патот

Вчера околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на с.Агино Село, кумановско,...

Македонија12 часа

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до преспанскиот договор

Портпаролот на Европската комисија изјави за „Еурактив“ дека договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година мора...

Македонија13 часа

Одземени дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Одземени 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа...

Свет14 часа

Путин му изрази сочувство на Иран: „Раиси ѝ беше вистински пријател на Русија“

Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, опишувајќи го Раиси како вистински пријател на...

Свет14 часа

(Видео) Новинар известува покрај остатоците од хеликоптерот во кој загина претседателот на Иран, багажот на патниците е расфрлан наоколу

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа, која се урна во неделата на северозападот на земјата, а спасувачките...

Свет15 часа

Реакции на светските лидери за смртта на иранскиот претседател

Лидерите ширум Блискиот Исток и пошироко го изразуваат своето сочувство откако иранскиот претседател Ебрахим Раиси и уште осум лица загинаа...

Свет16 часа

Новиот претседател на Тајван ѝ порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те денеска побара од Кина да ги прекине своите воени и политички закани, велејќи во својот...

Свет17 часа

(Видео) Повеќе торнада ја погодија Оклахома, објавени се снимки

Вчера вечерта се формираа повеќе торнада низ американската сојузна држава Оклахома, вклучително и едно што помина низ Оклахома Сити. Засега...

Свет17 часа

Раиси летал со хеликоптер од американско производство, објави иранска новинска агенција

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека Раиси летал со хеликоптер Bell 212 од американско производство. Според воениот аналитичар на...

Свет17 часа

(Видео) Нема преживеани во хеликоптерската несреќа со иранскиот претседател, објавија иранските агенции

Иранските агенции јавуваат дека местото на падот на хеликоптерот е пронајдено и дека нема преживеани, пренесува Си-Ен-Ен. „Нема знаци на...

Свет17 часа

(Видео) Објавена снимка од местото на падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател

Се претпоставува дека иранскиот претседател и министерот за надворешни работи се мртви откако иранските државни медиуми објавија дека не се...

Македонија1 ден

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапкa, односно како што појаснуваат од ОЈО Скопје за Макфакс, преземени се сите...

Свет1 ден

Сè уште се трага по хеликоптерот со кој леташе иранскиот претседател Раиси, објави ИРНА

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот...