Контакт

Регион

Турција: Воениот удар не успеа, над 1.500 уапсени, најмалку 90 мртви

Објавено пред

Турските власти уапсија 1.563 припадници на воените сили кои учествувале во обидел за воен удар во текот на ноќта кон саботата, изјави премиерот Бинали Јилдирим.

dobivaj vesti na viber

Во обидот за воен удар се убиени најмалку 90 луѓе, а петмина генерали и 29 полковници се итно отпуштени во службата. Еден од пучистите со чин генерал е убиен. Портпаролот на Генералштабот на турските вооружени сили соопшти дека над 40 полицајци се убиени во немирите, но не познато дали оваа бројка е содржана во претходната соопштена за жртвите.

„Група луѓе во војската надвор од командниот синџир се обиде да ја урне демократски избраната влада“, објави во саботата претпладнето кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоан.

Воздушни удари, воени блокади и судири меѓу толпата и вооружените сили се забележани ширум Турција.

Редот е воспоставен работ утрото, рече премиерот Јулдирим. За саботата попладнето тој свика седница на парламентот. Телевизиските снимки покажуваат дека зградата на турскиот парламент е многу оштетена од неколкуте експлозии кои одекнаа во неа изминатиот период,

Претседателот Ердоган кој во текот на ноќта од тогаш непозната локација преку мобилен телефон користејќи ја мобилната апликација FaceTime за видео врска се јави во телевизијата CNNTurk, беше на одмор во летувалиштето Мармарис и таму беше засолнат на почетокот на безбедна локација, во 4 часот утрото се врати во Истанбул и во телевизиското обраќање порача дека заговорниците „ќе платат висока цена за предавството“.

Во текот на ноќта неколку странски медиуми објавија дека Ердоан имал намера да ја напушти земјата и да замине за Германија или за Велика Британија. Оваа информација не ја потврди ниеден официјален извор.

Претседателот првично сакал да замине за Анкара, но неговиот авион не можел да слета во турската престолнина.

„Со Турција нема да владее војската“, изјави Ердоан пред илјадниците приврзаници кои го пречекаа во истанбулскиот меѓународен аеродром „Мустафа Кемал Ататурк“. Во говорот пред толпата тој обидот за преврат го нарече „предавство“ и најави дека операцијата за задушување на пучот ќе биде завршена до крај и оти земјата „нема да биде во рацете на окупаторите“.

Телевизиските снимки од саботата утрото покажуваат како војници се предаваат од тенковите со кои ги блокираа мостовите кои од анадолскиот водат кон европскиот брег на Истанбул.

Претходната ноќ војската пукаше врз цивилите излезени на мостовите на Босфор да ѝ искажат поддршка на владата, а такви сцени имаше и на централниот истанбулски плоштад Таксим, по што врз војниците пучисти таму дејствуваше борбен авион на силите лојални на владата.

Сé уште не е јасно кој стои зад пучот. Ердоан веднаш го обвини својот некогашен главен сојузни исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во Пенсилванија, САД, чии приврзаници во судовите, полицијата и војската изминатите години во Турција беа осуден за заговор во процесите против ткн „паралелна држава“.

Организацијата со седиште во САД, блиска на Ѓулен, ја негираше својата вмешаност во обидот за воен удар против владата и претседателот Ердоган. „Осудуваме каква и да е воена интервенција во домашната политика на Турција“, се наведува во соопштението на групата Alliance fo Shared Values.

Меѓутоа, градоначалникот на Анкара изјави дека во пучот учествувал висок офицер кој бил вклучен во операцијата за ноемвриското соборување на рускиот бомбардер „Су-24“ кон границата со Сирија што предизвика за тензии со Москва, за кого рече дека е приврзаник на движењето на Ѓулен.

Пучот го осуди и голем дел од највисокиот команден кадар на турските вооружени сили, како и сите големи политички партии во земјата, вклучително и опозициските.

Владата на Ердоган е мета на критики поради зголемување на авторитаризам и задушување на опозицијата и медиуми, но судејќи според сé нема широка народна поддршка за воено соборување на цивилните власти. Владејачката Партија на правдата и развојот (AKP) е на власт од 2002 година и оттогаш победува на сите избори.

Државната телевизија TRT и CNNTurk одреден период од неколку часа не емитуваа програма. Имаше информации дека во нивните седишта се влезени пучисти и оти од таму се слушаат истрели. Меѓутоа, од саботата утрото тие емитуваат програма.

Од саботата утрото и аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, кој беше неколку часа затворен, повторно е оперативен.

Демократската избрана влада на Турција доби широка меѓународна поддршка од сите светски челници и организации, како САД, Европската унија, НАТО, Русија и ОН, при што се повикува на воздржаност./кра/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Конечна судска одлука: Додик повеќе не е претседател на Република Српска

Објавено пред

Од

Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина ја отфрли жалбата на Милорад Додик против одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) со која му беше одземен мандатот на претседател на Република Српска.

dobivaj vesti na viber

Како резултат на тоа, според сараевските медиуми, Додик официјално повеќе не е на таа позиција, а ЦИК е должна да распише предвремени избори за претседател на ентитетот.

Да потсетиме дека ЦИК претходно донесе одлука за прекин на неговиот мандат, но таа можеше да стапи на сила дури откако ќе стане конечна, или потврдена од Апелациониот совет на Судот на БиХ. Денешната одлука конечно утврди дека Додик повеќе не е претседател на Република Српска.

Во образложението на пресудата, Судот наведе дека мандатот на избраниот функционер завршува на денот на правосилност на пресудата со која е осуден на затворска казна од најмалку шест месеци, што во случајот на Додик беше 12 јуни 2025 година, кога беше донесена второстепената пресуда. Судот ги отфрли и тврдењата за ретроактивна примена на законот, нагласувајќи дека пресудата станува правосилна на денот на нејзиното донесување, додека нејзината извршност е поврзана со доставување до странките, што не ги менува правните последици за мандатот.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

Маж фрли молотов коктел врз Куќата на цвеќето, го фати обезбедувањето

Објавено пред

Белградската полиција го уапси 55-гпдишниот Г.М. под сомнение дека фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето, објави српски Телеграф. По наредба на обвинителството, му е одреден притвор до 48 часа.

dobivaj vesti na viber

Тој е осомничен дека се обидел да го запали Музејот „25 Мај“, местото каде што е погребан поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, околу 6 часот утрово.

Човекот е уапсен по интервенцијата на полицијата. Нема повредени.

Пожарот ја оштетил влезната врата од Куќата на цвеќето. Според Телеграф, полицијата била повикана од обезбедувач. Тој пријавил дека еден човек дошол пред Музејот, најверојатно држејќи молотов коктел, и се заканувал дека ќе ја запали зградата.

„Се приближил до зградата и фрлил запалива течност. За среќа, обезбедувачот го фатил и ја повикал полицијата“, пишува Телеграф.

Неофицијално, се дознава дека човекот при апсењето рекол дека сакал да го запали „усташкото гнездо“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Изгоре луксузна јахта во Будва: сопственикот бил на бродот кога избувнал пожарот

Објавено пред

Црногорските противпожарни екипи го изгасија пожарот што избувна на јахта во марината во Будва.

dobivaj vesti na viber

Ова за црногорски „Вијести“ го потврди и раководителот на Службата за заштита и спасување на Будва.

Полициската управа соопшти дека околу 20:15 часот во неделата, полицијата во Будва била известена од сопственикот на јахта закотвена во пристаништето во Будва дека избувнал пожар додека сопственикот бил на бродот.

Јахтата е во сопственост на бизнисменот Б. М., а полицијата објави дека сопственикот на јахтата рекол дека пожарот најверојатно се случил поради дефект.

Пловилото било извлечено од пристаништето откако избувна пожарот кратко по 20 часот, заради безбедност на другите бродови. Седум екипи беа ангажирани за гаснење на пожарот.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Трамп почнал договори за средба помеѓу Зеленски и Путин, потоа би се вклучил и тој

По завршувањето на средбата во Белата куќа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Европа, американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет4 часа

Заврши состанокот во Белата куќа, разговорите продолжуваат во нов формат

Состанокот во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери заврши, но разговорите продолжуваат,...

Свет8 часа

Трамп верува дека може да се договори мир додека траат борбите: „На целиот свет му е доста од оваа војна“

Претседателот на САД, Доналд Трамп беше прашан дали ги разбира „коренските причини“ за војната за време на состанокот со украинскиот...

Свет8 часа

Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина...

Култура12 часа

Љутков од Слоештица: Меморијалната соба на Петре М. Андреевски не е запоставена, а ракописите се безбедно зачувани

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ја посети Општина Демир Хисар, каде што оствари средба со градоначалникот Никола...

Македонија14 часа

Одбележан 18 Август – Денот на Армијата

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18...

Свет14 часа

(Видео) Зеленски објави видео од нападите врз Украина: „Војната мора да заврши. И Москва мора да го чуе зборот: „Стоп“.“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро реагираше на ноќните руски напади низ Украина, велејќи дека тие јасно ги демонстрираат намерите и...

Македонија14 часа

(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење....

Македонија15 часа

Поради пожар, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Македонија15 часа

(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е...

Свет16 часа

(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на...

Свет18 часа

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со тешка средба со американскиот лидер Доналд Трамп во Белата куќа. Условите за евентуален...

Македонија18 часа

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...

Македонија19 часа

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет21 час

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет21 час

Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва...

Свет21 час

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на...

Свет21 час

Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време...

Свет1 ден

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија1 ден

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...