Контакт

Скопје

Скопје аплицира за европска престолнина на културата

Објавено пред

Прва меѓународната работилница на тема „Значењето на титулата Европска престолнина на културата  и нејзин придонес за културен и општ развој на градот“, на која учествуваа гости од Пловдив, Нови Сад, Љубљана и Ријека, невладини организации и културни институции, се одржува во петок во МКЦ во Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Можноста што му се дава на Градот Скопје за аплицирање за титулата ‘Европска престолнина на културата’ стана достапна во 2014 година со усвојувањето на „Одлуката на Европскиот парламент и на Советот за утврдување на акцијата на Унијата за Европските престолнини на културата за период од 2020 до 2033 година“. На Скопје, како град којшто доаѓа од земја со кандидатски статус за ЕУ, му остануваат можностите да се пријави на еден од повиците за стекнување на титулата ‘Европска престолнина на културата’ резервирани за земји со кандидатски статус и тоа во 2024, 2027, 2030 и 2033 година“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Според него, културата сè повеќе зема важно место во развојот на градовите во Европската Унија, но исто така и претставува двигател на урбаниот, но и социо-економскиот развој на градовите и  регионите околу нив.

 „За да се оствари оваа цел – стекнување на титулата „Европска престолнина на културата“, освен инфраструктурни и човечки капацитети, потребно е да се покаже и политичка спремност и волја, да се прифатат европските и светските текови и новитети на полето на културата, и третманот на културата како приоритетна  област за развој на градот“, рече Трајановски.

 Градоначалникот Трајановски посочи и дека цел на Градот Скопје е да покаже подготвеност и стремеж, со помош на активностите за кандидирање и стекнување на оваа титула во наредните години да ги постигне следните цели: регенерација на градот; подигање на меѓународниот профил на градот; креирање на нов живот во културата на градот; зголемување на туризмот и развој на креативните индустрии и слично.

 Исто така, напомена дека оваа  активност е сегмент од неговата програма за работа за периодот 2013-2017, поточно  проектот: Скопје – град на културата, со кој Градот се обврзува да почне активности за подигање на свеста за можностите и Градот Скопје да се јави на еден од повиците на Европската Комисија како можен потенцијален кандидат.

Професор д-р Бранислав Саркањац, член на Иницијативниот одбор „Скопје – Европска престолнина на културата“, изјави дека се различни искуствата  што ги имаат сите  градови коишто  ја  добиле оваа титулата, но придобивките се големи во сите  општествени области.

 На апликацијата претходеа серија на активности, како што се усвојувањето на „Информацијата за започнување постапка и потребните активности за номинирање на Градот Скопје за „Европска престолнина на културата“ од Советот на Град Скопје на 35-тата седница одржана на 2 декември 2014 година, како и усвојувањето на „Одлуката за формирање Иницијативен одбор „Скопје-Европски град на културата“ на 53-тата седница на Советот на Град Скопје одржана на 22 септември 2015 година. /крај/со/ст

Македонија

Дел од Бутел утре без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Неколку скопски општини денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:

dobivaj vesti na viber

· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)

· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)

· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)

· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)

· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)

Прикажи повеќе...

Македонија

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Објавено пред

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.

dobivaj vesti na viber

На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.

Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.

По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија2 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ3 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија5 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија6 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија6 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија6 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа6 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет6 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет8 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет8 часа

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет9 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет9 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија17 часа

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија21 час

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија1 ден

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...