Daily news
Од газирани сокови годишно умираат 180.000 луѓе
Студија спроведена од истражувачите од Универзитетот Тафтс покажува дека еден од сто смртни случаи кај гојазни луѓе е резултат на конзумација на газирани сокови.
Студија спроведена од истражувачите од Универзитетот Тафтс покажува дека еден од сто смртни случаи кај гојазни луѓе е резултат на конзумација на газирани сокови.
Студијата е нарачана од Меѓународната фондација за инфомирање за храната (IFIC), за да се покаже како газираните пијалоци делуваат на човечкиот организам.Резултатите покажуваат дека прекумерната конзумација на газирани пијалоци е одговорна за смрт на дури 180.000 луѓе секоја година.Според студијата, шеќерите во пијалоците се одговорни за смрт на 133.000 заболени од дијабетес,45.000 заболени од кардиоваскуларни болести и 6.500 заболени од рак, што според лекарите е многу загрижувачко.Професорот Дариуш Мозафаријан, декан на Фридмановата школа за прехрамбени науки, и еден од авторите на оваа студија вели дека она што загрижува е порастот на конзумирање на газирани пијалоци кај младата популација како и порастот на смртноста поврзани со болести како гојазност и дијабетес кои настануваат при нивно конзумирање.„Во САД, на пример, околу 10 отсто смртни случаи кај лица помлади од 45 години директно се поврзани со конзумација на зашеќерени пијалоци“, вели професорот, а додава и дека расте бројот на оние кои развиваат болести поврзани со конзумација на зашеќерени сокови кои пак се полни со вештачки засладувачи.Во главно се работи за помлади лица кои рано развиваат зависност за таков вид шеќери, што во нивните средни години доведува до развој на многу болести.Најголем број смртни случаи поврзани со шеќерите во соковите, односно со газираните пијалоци, се во земјите во развој, особено во Јужна Америка, а на врвот на скалата е Мексико.Додека научниците предупредуваат за штетноста на газираните пијалоци и шеќерите во нив, Американското здружение на производители на пијалоци тврди дека резултатите од истражувањето не може да бидат релевантни, дека не покажуваат директна повраност со појавата на хронични болести кај луѓе кои конзумираат пијалоци богати со шеќери.IFICF, кои го нарачаа истражувањето напоменува дека со оглед на тоа дека ова е прво такво истражување, резултатите не мора да бидат сто отсто точни. Но, како што напоменува Business Insider, тие критики треба да се земат со `зрно сол`, токму поради тоа што водечките светски мултинационални компании кои произведуваат такви пијалоци се вклучени во работатта на IFICF. Според резултатите од студијата, конзумацијата на слатки напитоци поврзана е со развој на болести како дијабетес, гихт, односно воспаление на зглобовите кај дебели луѓе, потоа зголемен крвен притисок, болести на срцето, мозочен удар и на крај гојазноста, која пак сама по себе е причина за низа други заболувања.Професорот Мозафаријан вели дека потребен е светски културен пресврт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.