Контакт

Европа

Во Франција уапсен осомничен за поврзаност со терористите во Руан

Објавено пред

Француските власти притвориле маж осомничен за поврзаност со двата напаѓачи во предградието на Руан во вторникот, пренесува агенцијата AFP повикувајќи се на судски извори.

dobivaj vesti na viber

Според сознанијата на агенцијата, полицијата пронашла во домот на 19-годишниот притворен маж мобилен телефон во кој имало видео снимка, како што се претпоставува, снимена од Абдел Малик Птижан, еден од напаѓачите во Руан, на која се заканува со нови терористички напади и изјавува лојалност на терористичката групација Исламска држава.

Соговорникот на AFP рекол дека приведувањето на осомничениот се случило уште на 25-ти јули, непосредно пред нападот во црквата во рамките на истрага на разузнавачките служби.

Претходно Исламската држава преку своите интернет ресурси објави видео, за коишто се претпоставува дека го снимил самиот Птижан, со закани од нови терористички напади.

Во вторникот утрото двајца тинејџери вооружени со ножеви земаа во заложништво шест лица во текот на утринската богослужба во црквата во Сен-Етјен-ду-Рувре, предградие на Руан: свештеникот, тројца црковни служители и двајца парохјани. Една од жените успеа да побегне и да повика полиција, која веднаш пристигна на месото на нападот.

Кусо потоа напаѓачите при обидот да избегаат од црквата беа застрелани од полицијата. Во црквата беше најдено телот на закланиот 86-годишен свештеник Жак Амел. На еден од верниците, исто така, му бил пресечен гркланот, но лекарите успеаја да го спасат./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

Британски скијач загина во лавина на француските Алпи

Објавено пред

Британски скијач загина вчера во лавина во Француските Алпи. Несреќата се случила додека мажот, за кој се верува дека е во педесеттите години, скијал надвор од пистата во популарното одморалиште Ла Плањ, објави Скај њуз.

dobivaj vesti na viber

Обемна операција за спасување
Спасувачките екипи беа повикани на лавината попладнето во 13:57 часот и веднаш се упатија кон местото на настанот во југоисточна Франција. Голем тим од 52 лица, вклучувајќи медицински персонал и инструктори за скијање, беше вклучен во потрагата, а со хеликоптер беше донесено и куче трагач.

И покрај брзата реакција, Англичанецот беше пронајден дури по 50 минути пребарување, закопан под 2,5 метри снег.

Скијал без потребната опрема
Според соопштението од одморалиштето, човекот што починал бил во друштво на група, но не бил опремен со примопредавател за лавина ниту бил придружуван од професионален инструктор. Скијачкиот центар Ла Плањ изрази сочувство до семејството на починатиот.

Прикажи повеќе...

Европа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Објавено пред

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти. Русија го засили бомбардирањето на енергетската мрежа на Украина.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Володимир Зеленски рече дека работата продолжува во погодените области, велејќи дека ситуацијата „останува исклучително тешка“, особено во пограничните региони.

Зеленски рече дека 200 екипи за итни случаи се на терен и вршат поправки во регионот Киев околу главниот град.

„Немам струја дома околу 55 часа. Па, за да не плачам, само се смеам“, рече Лиза Лазаренко, која престојува во училиште во Киев кое е претворено во хуманитарен центар.

Зеленски претходно рече дека Русија минатата недела испратила 1.100 беспилотни летала, повеќе од 890 наведувани воздушни бомби и повеќе од 50 ракети, вклучувајќи балистички, крстосувачки и со среден дострел, против Украина.

Во петокот, по ракетниот напад врз Киев, речиси целиот град остана без електрична енергија и греење поради суровата зима, а властите дури во недела го вратија снабдувањето со вода и делумно електрична енергија и вода.

Зеленски рече дека Русија намерно чекала студеното време да ги влоши работите за украинскиот народ и дека ова е „циничен руски терор, особено против цивилите“.

„Реконструкцијата е во тек. Сепак, ситуацијата со снабдувањето со енергија во главниот град останува многу тешка“, рече градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм.

Украинското Министерство за енергетика соопшти дека руските сили повторно го нападнале електроенергетскиот систем на земјата преку ноќ, накратко прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на југоисточните региони Дњепропетровск и Запорожје.

„Не помина ниту еден ден оваа недела без напади врз енергетските објекти и клучната инфраструктура. Вкупно се регистрирани 44 напади“, рече украинската премиерка Јулија Свириденко на Телеграм.

Прикажи повеќе...

Европа

Снег, дождови и силни ветрови предизвикуваат проблеми низ Европа

Објавено пред

И денеска во Европа различни екстремни временски услови создаваат големи проблеми: снег и откажани летови во Холандија, забрана за товарен сообраќај во североисточна Франција, отежнат сообраќај на траектите во Грција и жолто предупредување во Велика Британија за снег, обилни дождови и силни ветрови.

dobivaj vesti na viber

Холандија

Невремето денеска предизвикува откажување и одложување на летови на аеродромот Шипхол во Амстердам – четири летови се откажани, а четири се одложени. Железничкиот сообраќај исто така е погоден: пријавени се задоцнувања на повеќе линии, додека сообраќајот меѓу Мастрихт и Лиеж е запрен до утре вечер. Снежните врнежи се очекуваат прво во северните, централните и источните покраини, а потоа постепено ќе преминат во дожд.

Франција

Околу 700 возачи на камиони се заглавени на автопатот А36 на североистокот и на RN57 во департманот Дуб и Жира, поради снежните врнежи кои го погодија источниот дел од земјата. Патиштата се затворени за возила над 3,5 тони до утре. Минатата ноќ работеле само машини за чистење снег, а Црвениот крст им доставил храна за возачите на камиони.

Грција

Траектите денеска постепено продолжуваат со сообраќај, откако ветровите попуштиле. Повеќето линии започнале нормално да пловат од раното утро, особено од пристаништето Пиреј. Сепак, властите предупредуваат дека рути можат да бидат откажани поради брзо менливите временски услови. Снежни врнежи се очекуваат во северните и планинските области, а се прогнозира и нагло намалување на температурата.

Велика Британија

Во многу делови на земјата е во сила жолто предупредување за снег, силни ветрови, мраз, обилни врнежи и поплави. Ова се однесува на централна и североисточна Шкотска, од северно од Глазгов до Абердин, и е во сила до 14:00 часот денеска. Метеоролозите најавуваат можни силни дождови, силни ветрови и снег, но со благо зголемување на температурите.

Германија

По неколкудневната зимска бура „Ели“, ситуацијата денеска се подобрува. Метеоролошката служба ги укина претходните предупредувања за обилни врнежи. Снежните врнежи до вчера предизвикуваа откажување на возови, пролизгување на автомобили и опасен мраз на патиштата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет34 минути

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет37 минути

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет51 минута

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија58 минути

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа1 час

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија9 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет13 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет14 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет21 час

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет22 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет22 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет22 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет23 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија2 дена

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија2 дена

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија2 дена

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...