Контакт

Сцена

Македонскиот тенор Благој Нацоски ќе одржи концерт во Џенова

Објавено пред

Под името „Седум песни од светлина и прав” македонскиот тенор Благој Нацоски ќе одржи концерт во монденскиот локалитет Санта Маргерита Лигуре во Џенова, Италија во вторник вечер, како дел од италијанско-македонската вечер посветена на 20-годишнината од воспоставување на дипломатските односи помеѓу двете земји.

dobivaj vesti na viber

Во својство на амбасадор на културата на Македонија тој е и коорганизатор на концертот кој е дел од програмата за меѓународна афирмација на Министерството за култура за 2014 година.

 

Нацоски за овој настан нарача да се напише и специјално дело од композиторот Анџело Инглезе, на стихови од Никола Маџиров. Се работи за циклус од седум песни на Маџиров, претворени во музика и тоа за камерен состав: два гласа, кларинет, виолина, виолончело и пијано. Циклусот кој трае триесетина минути ќе биде изведен на македонски јазик, и е наречен токму „Седум песни од светлина и прав”.

 

Во останатиот дел од програмата ќе бидат изведени и италијански дела од дваесетиот век, како и македонски дела од Прокопиев, Фирфов и Зографски (по повод 80години од неговото раѓање). Македонските дела ќе ги изведат гости на Нацоски, а ќе настапат Адријана Јоција – сопран, Луиџи Скифано – контратенор, Елена Бакјарело – кларинет, Константин Чобану – виолина, Џакомо Бјаџи – виолончело и самиот композитор Анџело Инглезе на пијано.

 

Концертот беше најавен и на националната ТВ Раи 3 каде гостуваше нашиот тенор.

 

„Како што ветив пред неколку дека барем еднаш годишно ќе одржувам концерт во Италија или во други земји изведувајќи македонски автори, а овој концерт има и два новитета. Имено, ќе се изведе дело на македонски јазик, но од странски автор и вториот новитет е што македонските арии ќе ги пејат мои колеги Италијанци. Во македонскиот дел од програмата неслучајно ставив и дело од Томислав Зографски, како еден омаж кон него по повод 80-годишнината од неговото раѓање. Го избрав регионот Лигурија овој пат, односно Џенова, поради фактот што во овој дел на Италија живеат само неколку македонски иселеници и малку се знае за Македонија, а градот претставува едно од најважните пристаништа во Европа и е крстосница на многу туристи, но и изобилува со културна традиција”, изјави Нацоски.

 

По овој концерт Нацоски ја продолжува својата меѓународна солистичка активност. Најпрвин кон крајот во август ќе дебитира во Прага, по што ќе следуваат настапи во Бангкок, Пиза, Трст, Токио, Монтевидео, Амстердам.крај/мф/сд

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023

Објавено пред

Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:

dobivaj vesti na viber
  • Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
  • Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
  • Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора

Објавено пред

Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.

Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.

ПР

Прикажи повеќе...

Култура

МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија

Објавено пред

Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.

Фестивалот на музика, танц и театар – „Монте Сакро“, ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика ќе се одигра на 25 јуни.

„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Голема акција на Финансиската полиција: уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот ден Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени...

Македонија4 часа

Предложен притвор за таткото што тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство. Осомничениот извршил грубо насилство...

Свет5 часа

Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во...

Македонија5 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија6 часа

Алиу на средба со д-р Кедев: Сите што имаат информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со...

Македонија6 часа

Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ги цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинството и правото...

Топ7 часа

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка...

Европа10 часа

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци...

Свет11 часа

Канада отворена за испраќање мировни сили во Украина

Канадскиот премиер Марк Карни му рече вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поддржува барањата на Украина за силни...

Европа11 часа

Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал....

Македонија11 часа

На Табановце за излез од државата се чека 30-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е...

Македонија21 час

Вкупно девет пожари на отворен простор, активен еден, а два се под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот имало вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен,...

Свет22 часа

Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи...

Македонија1 ден

Мицкоски очекува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, приоритет ќе биде хигиената во Скопје

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е...

Топ1 ден

Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија...

Регион1 ден

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе...

Свет1 ден

Палестински камерман убиен во појасот Газа

Палестинската новинска агенција (ВАФА) објави дека израелските војници убиле палестински камерман во северниот дел на Појасот Газа. Камерманот Калед ал...

Македонија1 ден

Пратениците се одморија, од утре почнуваат со редовни активности во Собранието

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба...

Свет1 ден

Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја. Тој, по...

Македонија2 дена

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат...