Економија
ЕК: Македонија ќе оствари раст од 1,5 отсто
Македонската економија во оваа година ќе порасне за 1,5 отсто, а во наредната година растот ќе достигне два отсто, по негативната стапка на раст од 0,3 отсто во 2012 година, предвидлива Европската комисија (ЕК) во најновиот извештај објавен во петокот.
Прогнозата растот на македонскиот БДП од страна на Европската комисија е поголема од просекот на Европската унија и еврозоната, но е пониска од прогнозите на македонската влада и ММФ, кои предвидуваа растот во 2013 година да изнесува два отсто.Предвидениот јавен долг на Македонија за 2013 година е 34,3 отсто, а за наредната година е 36,1 отсто од БДП.Македонија покажува знаци на силна економска состојба и одржливост, што не може да се каже за самата ЕУ, за еврозоната и поголем број од земјите-членки на големото европско друштво, се наведува во извештајот. ЕК предвидува во ЕУ годинава да биде остварен пад од 0,1 отсто, а во 17-члената зона на заедничка валута се предвидува пад од 0,4 отсто. Во наредната година се очекува во 27-члената ЕУ да биде остварен раст од 1,4 отсто, а во еврозоната раст од 1,2 отсто.Јавниот долг во ЕУ се очекува годинава да достигне 89,9 отсто од БДП, а во еврозоната да изнесува 95,9 отсто, што е далеку над максим дозволените 60 отсто.Единствено Луксембург и Бугарија имаат понизок јавен долг од Македонија.Бруто-домашниот производ се намали за 0,3 отсто во 2012 година, по растот од 2,8 проценти во 2011 година. Приватната потрошувачка остана слаба, остварувајќи пад од 1,2 проценти. Растот на инвестициите од 12,1 отсто се покажа еластичен и беше поттикнат пред крајот на годината со бумот во владините капитални трошоци. Сепак, позитивниот придонес на домашната побарувачка за растот на производството беа повеќе од компензирани со повлекување од надворешната побарувачка.Извозот на стоки закрепна малку во втората половина на минатата година, но во целата 2012 година беше под нивото претходната година. Со оглед на малото зголемување на увозот, веројатно поттикнат од зголемената увозна побарувачка на новопоставените странски инвестиции, трговскиот дефицит се прошири маргинално во 2012 година.ЕК наведува дека Македонија во поглед на рамнотежата на услугите влегла на негативна територија во последните месеци од годината што довело до значително намалување на годишниот суфицит. Тековните трансфери останаа силни на околу, во просек 21 проценти од БДП, иако беа во опаѓање кон крајот на годината, па оттука дефицитот на тековната сметка се зголеми на 3,9 отсто во 2012 година, во споредба со 2,7 отсто во претходната година. Финансирањето на тековната сметка силно се потпираше на силен прилив на директни странски инвестиции во последниве години, но ова се намали за околу две третини во 2012 година.Инфлацијата од 3,9 отсто во 2011 година падна до 3,3 отсто за 2012 година, главно поради слабото зголемување на цените на храната и трошоците за домувањето и за комуналиите. Ситуацијата на пазарот на трудот останува слаба, но евидентирано е мало зголемување на вработеноста во 2012 година, при што просечната стапка на невработеност за годината падна од 31,4 отсто во 2011 година на точно 31 отсто минатата година. Во прогнозата на Комисијата за Македонија се наведува и дека јавните финансии и понатаму се влошуваа во 2012 година, односно буџетскиот дефицит се искачил 3,8 отсто во споредба со 2,5 отсто претходната година што е повеќе и од ревидираниот дефицит на владата од 3,5 отсто. ЕК проценува дека економскиот раст на Македонија ќе биде поттикнат од инвестициите, додека се очекува приватната потрошувачка годинава да падне.Извозот од Македонија може да расте подинамично од увозот, како резултат на малото закрепнување на надворешната побарувачка и до завршувањето на некои извозно ориентирани проекти за директни странски инвестиции.Тековните трансфери се предвидува да останат еластични и да се обезбеди стабилен извор на финансирање на домашната побарувачка. Генерално, дефицитот на тековната сметка најверојатно ќе се продлабочи на околу 5,2 проценти во 2014 година, главно на сметка на влошување на трговското салдо.Инфлацијата се очекува да забавува до 3,2 отсто во 2013 година, по очекуваниот застој во увозниот пораст на цените и да забавува и понатаму до 2,8 отсто во 2014 година. Растот на вработеноста ќе се забрза маргинално во 2013 година, во согласност со забрзаниот раст на производството, додека стапката на невработеност е проектирана за да овозможи понатамошен пад што би стигнал до вкупен процент од 30 проценти на невработени во 2014 година. Порастот на платите се очекува да остане низок, со оглед на потребата да се остане конкурентен.ЕК прогнозира македонската влада да го исполни предвидениот буџетски дефицит од 3,6 отсто во 2013 година./крај/Copyright 2013 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Директна авиолинија Скопје – Прага, за Божиновска таа е реална врска меѓу двете економии
Со првиот лет на новата директна авиолинија Скопје – Прага, земјава прави значаен исчекор во унапредувањето на меѓународната поврзаност, економската соработка и мобилноста на граѓаните, истакнуваат во соопштението од Министерството за енергетика.
На настанот по повод воспоставувањето на авиолинијата се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, генералниот директор на TAV Македонија, Неџат Курт, како и претставници на Wizz Air.
Како претседател на Мешовитата комисија за економска соработка, министерката информираше дека иницијативата за директна авионска линија била покрената на Заедничкиот македонско-чешки состанок во Прага, во март годинава, како дел од пошироката агенда за продлабочување на билатералните односи и олеснување на бизнис-комуникацијата.
Божиновска истакна дека воспоставувањето на директната линија не е случаен потег, туку резултат на јасна визија и конкретна иницијатива.
„Оваа авиолинија е реална врска меѓу две економии, два пазара и две општества. Поврзаноста е предуслов за развој, за мене, оваа линија има и силна лична димензија. На 20 август 1998 година се иселив во Прага, во време кога немаше директен лет меѓу нашите две земји. Поврзаноста беше комплицирана, скапа и временски исцрпувачка. Од 2005 до 2012 година постоеше директна линија и од лично искуство знам колку директната авионска врска значи – не само симболично, туку реално, за животот, за бизнисот и за секојдневната комуникација меѓу луѓето. Затоа, уште од првиот ден како министерка, силно се залагам за продлабочување на врските меѓу Македонија и Чешка и за создавање реални услови што ќе ја олеснат таа поврзаност“ , нагласи Божиновска.
Според надлежните, директната авиолинија Скопје – Прага ќе придонесе за зголемен туристички и деловен сообраќај, подобра мобилност на граѓаните и посилно вклучување на Македонија во европските економски текови.
Авиосообраќајот е важен сегмент од целокупната стратегија за модерна инфраструктура, економски раст и регионална интеграција, при што ваквите проекти се реализираат преку координирана соработка меѓу институциите и приватниот сектор.
Министерката Божиновска ја поздрави соработката меѓу TAV Македонија и Wizz Air, оценувајќи дека таа е пример за ефикасно партнерство кое носи конкретни резултати за граѓаните и економијата.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година.
Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,932%, кај дизелот за 4,357%, кај екстра лесното масло за 1,790% и кај мазутот намалувањето е за 1,013%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1167%.
Економија
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
СЕТЕК го обои овој декември во сино – симбол на блискост, доверба и на вредноста на желбите што си ги упатуваме едни на други. Декември е месец кој поттикнува поврзување и ја истакнува магијата на споделената радост. Денес, многу од тие желби се поврзани со технологијата која го прави животот поедноставен, порадосен и поубав.
Веќе 32 години, СЕТЕК ја следи мисијата – да ги поврзува луѓето и технологијата, да креира успех и да инспирира радост.
Годинава, роденденот на СЕТЕК се поврзува со кампањата Blue December, која ја слави моќта на дарувањето и можноста за блискост со техниката. Поволностите што ги нудиме – роденденски и во текот на целиот месец – не се само обични попусти. Тие се внимателно осмислени решенија за сите кои сакаат да израдуваат некој свој близок, со вистинска вредност, значење и впечаток.
“Упатуваме искрена благодарност до сите кои низ годините се дел од нашата мисија – заедно растеме, се усовршуваме и го приближуваме светот на технологијата до секој човек. Вашата поддршка и доверба ни овозможуваат да продолжиме и да го подобруваме секојдневието на луѓето” – изјавија од Сетек.
Нека овој декември биде исполнет со топли моменти, споделена радост и остварени желби – вистински празнично син. Нека секој подарок, секоја насмевка и секое внимание, поттикне искрена поврзаност што ќе нѐ потсетува колку е важно да бидеме тука едни за други.
Сетек нуди голема палета на улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање.
Промотивните попусти ќе бидат достапни во сите салони на Сетек низ земјата, како и онлајн преку веб-страницата www.setec.mk
Придружете ни се во прославата со специјални роденденски попусти!
ПР

