Daily news
Првa мобилна апликација за велосипедисти Bike Computer која се грижи за вашата безбедност
Bike Computer е првата македонска GPS bike апликација со вградена безбедносна опција која ќе ви помогне во случај на незгода, а е наменета за сите професионални и рекреативни велосипедисти.
Базиранa на двегодишно истражување и тестирање, “Keep me safe“ опцијата е дизајнирана да им понуди поголема сигурност на велосипедистите на долги рути. Опцијата може да детектира пад на велосипедист и да ги информира неговите избрани контакти, испраќајки им ја моменталната локација на корисникот и SMS порака за инцидентот. Bike Computer е достапна за Android и iPhone, и покрај зголемена сигурност, нуди и низа бесплатни функционалности кои се сметаат како премиум во останатите мобилни апликации. Тука се вклучени поврзувања со heart-rate монитор, сензори за брзина и ритам, како и сензор за моќност.„Сите во Venikom уживаат во велосипедизмот. Половина од тимот се страствени возачи кои учествуваат на доста настани и возат GrandFundo, а другата половина постојано го користат велосипедот како алтернативен превоз низ градот. Долго време работиме на оваа апликација и сакаме да допринесеме повеќе за велосипедската заедница”, вели Иван Ивановски, со-основачот на Bike Computer.Bike Computer има длабока интеграција со моментално најпопуларната фитнес апликација Strava, така што вашата активност можете лесно да ја синхронизирате. Во апликацијата посебно внимание е посветено на потрошувачката на батерија која е доведена до минимум. Резултатите покажуваат дека Bike Computer е за 12% подобар од најдобрите мобилни вело-тракери на пазарот, како Strava, Runkeeper, Endomondo и други. Во тестирањето и креирањето на самата апликација од Venikom соработуваа и со десеткратниот шампион на Македонија во велосипедизам и вицешампион на Балканот, Јоже Јованов.„Во времето кога јас тренирав и се натпреварував, користевме Polar и Garmin уреди за следење на рутите и перформансите. Тие имаа доста комплицирани програми за анализа на активностите, а нивната функционалност не е ни приближно еднаква на денешните мобилни телефони. Со екипата од Venikom имаме чести средби и разговори како моето лично 10 годишно велосипедско искуство да го споделам и да помогнам да се направи најдобриот Bike Computer“, вели македонскиот шампион. Визијата на Venikom, заедно со искуството на Јованов, е да ги направат наредните верзии на Bike Computer беспрекорни и корисни за сите професионални велосипедисти. Наскоро ќе се додаде и live tracking опција, како и можност за тренерите во живо да го следат велосипедистот и сите негови сензори, како и праќање на повратни информации од тренерот назад до велосипедистот.Огромен предизвик беше потрошувачката на енергија. Во моментот професионалните веосипедски компјутери на пазарот ги купуваат најмногу поради издржливоста на нивната батерија и заради нивната мала тежина. Од друга страна на телефоните имаме подобар дисплеј и доста помоќен процесор,а новите уреди се опремени и со доста напредни сензори за движење. Веником паралелно работи и на соодветна надворешна батерија која ке допринесе за зголемување на времето на користење на апликацијата на дури 15часа во активен режим, а притоа максимално внимаваме на тежината на уредот.Bike Computer е freemium апликација за iOS и Android.Ако се регистрирате во првите 60 дена опцијата Keep My Safe* ќе биде бесплатна за првата година од користењето. По промотивниот период цената ке биде 49 долари годишно.За да работи безбедносната функција, телефонот треба да биде зацврстен на велосипедот со држач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.