Контакт

Надворешна политика

Јолевски-Ји: Република Македонија е нераскинливо поврзана со НАТО

Објавено пред

Република Македонија е нераскинливо поврзана со НАТО и има целосна поддршка од Соединетите Американски Држави на патот кон полноправно членство во Алијансата, заклучија министерот за одбрана, Зоран Јолевски и заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Ји, на денешната средба во Министерството.

dobivaj vesti na viber

На средбата министерот Јолевски побара поддршка од САД, како стратешки партнер, на претстојниот Самит на НАТО во Варшава.  Министерот Јолевски се фокусираше на досегашните развојни процеси и програми во Министерството и Армијата, кои, рече, докажуваат дека Македонија е подготвена за членство во НАТО. „Продолжуваме со реформите во одбраната, а започнува и процес на модернизација кој е исклучително важен за Армијата. Со модернизацијата АРМ ќе стане силна армија, гарант за територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, а воедно ќе стане целосно интероперативна со армиите на останатите членки на НАТО. Со модернизацијата ќе бидат исполните обврските од партнерските цели, кои се усогласени со НАТО“, рече Јолевски. Тој додаде дека сер работи на постојано обучување  и оспособување на припадниците на АРМ, со што се одржува и унапредува интероперативноста со партнерите од НАТО,Хојт Ји посочи дека САД ги препознава добрите практики во процесот на реформи на Армијата и на одбраната и дека земјата дава целосна и континуирана поддршка за членството на Македонија во Алијансата. Тој изрази исклучително задоволство од билатералната соработка во областа на одбраната, која, рече, е пример за соработка меѓу две пријателски земји, кои се стратешки партнери.  Разговарајќи за мигрантската криза која го зафати континентот, министерот го информираше соговорникот за ангажманот на Армијата на јужната граница. Притоа истакна дека е потребно Европската Унија, но и пошироката меѓународна заедница да усогласи сеопфатна стратегија за решение на конфликтот во Сирија и како да се справи со мигрантскиот бран. /крај/со/ст

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Заврши состанокот во Белата куќа, разговорите продолжуваат во нов формат

Состанокот во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери заврши, но разговорите продолжуваат,...

Свет5 часа

Трамп верува дека може да се договори мир додека траат борбите: „На целиот свет му е доста од оваа војна“

Претседателот на САД, Доналд Трамп беше прашан дали ги разбира „коренските причини“ за војната за време на состанокот со украинскиот...

Свет5 часа

Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина...

Култура10 часа

Љутков од Слоештица: Меморијалната соба на Петре М. Андреевски не е запоставена, а ракописите се безбедно зачувани

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ја посети Општина Демир Хисар, каде што оствари средба со градоначалникот Никола...

Македонија11 часа

Одбележан 18 Август – Денот на Армијата

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18...

Свет11 часа

(Видео) Зеленски објави видео од нападите врз Украина: „Војната мора да заврши. И Москва мора да го чуе зборот: „Стоп“.“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро реагираше на ноќните руски напади низ Украина, велејќи дека тие јасно ги демонстрираат намерите и...

Македонија11 часа

(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење....

Македонија12 часа

Поради пожар, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Македонија12 часа

(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е...

Свет13 часа

(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на...

Свет15 часа

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со тешка средба со американскиот лидер Доналд Трамп во Белата куќа. Условите за евентуален...

Македонија15 часа

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...

Македонија16 часа

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет18 часа

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет18 часа

Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва...

Свет18 часа

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на...

Свет18 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време...

Свет1 ден

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија1 ден

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...

Свет1 ден

Америка ѝ нуди на Украина заштита слична на НАТО, Путин, наводно, се согласил

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави во интервју за „Си-ен-ен“ дека рускиот претседател Владимир Путин за прв пат се согласил да...