Контакт

Featured

Камерите кои ја снимиле сообраќајката на Спасов се под контрола на УБК

Објавено пред

Камерите за видео надзор кои беа поставени на скопските сообраќајници од проектот „Безбеден град“ и коишто ги снимиле сообраќајните несреќи во кои учествуваше дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов се под контрола на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), брифираат извори од Министерството за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

Министерството за внатрешни работи во текот на петокот се очекува да излезе со нови информации за инцидентот.

Снимките кои се појавија во јавноста се од камерите од овој проект, којшто иако беше промовиран од тогашното раководство на полицијата во 2012 година, не функционираа и не можеа да помогнат во истрагите за големи трагедии што се случија во Македонија, како убиството кај Смилковското езеро, убиството на Мартин Нешкоски, сообраќајката во којашто загина новинарот Никола Младенов.

Објавувањето на снимките покажува дека камерите биле во функција и постојано снимале.

И Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на вчерашната прес -конференција соопшти дека постојат снимки за сообраќајката од видео надзорот кој е дел од овој проект.

На снимките се сугерира дека Спасов бил нападнат, но од она што може да се види, лицата од „пасат“ му тропаат на Спасов на прозорецот од џипот, а Спасов продолжува да вози со џипот.

Потоа се гледаа лица кои го запираат Спасов со пиштоли, но тие лица како што тврди сопатник во „пасатот“ се полицајци, а не како што тврдеше Спасов во интервјуто лицата од „пасатот“.

„Сé што кажа Диме Спасов во вчерашниот тв-настап е лага“, тврди во изјава за DW, Даут Динарица, еден од сопатниците во возилото „пасат“ кое било удрено од возило марка „туарег“.

„Одевме кон паркот кога нé удри возило и наместо да застане, продолжи да вози како ништо да не се случило. Поради тоа, свртевме и тргнавме по него, за да му ја видиме регистарската табличка и да го пријавиме во полиција. Се јавивме, го пријавивме бројот на табличката и долго време бевме на телефонска линија со полицијата. Кога возачот запре на семафор, излеговме да му кажеме да застане и да се паркира настрана. Но, тој не застана. Тргна и покрај тоа што во тој момент стигна и полициско возило со ротациски светла. Притоа, не можеше ни да вози право по сообраќајната лента, туку цело време шеташе лево-десно, што укажуваше дека најверојатно е пијан. При тоа бегање удри уште едно возило“, раскажува Динарица.

Вели дека тие воопшто не знаеле кој е возачот што го удрил нивното возило, а тоа го дознале дури кога полицијата го легитимирала, откако излегол од „туарегот“. Динарица целосно ги отфрла обвинувањата дека на Спасов му се заканувале со оружје.

„Не сме му се заканувале на возачот со никакви пиштоли. По снимката што вчера ја објавија некои медиуми, беше речено дека лицата кои држат оружје биле оние од ‘пасатот’. Пиштоли си имаа полицајците. Истите тие полицајци и нас нé легитимираа и нé претресоа. Кај нас не најдоа никакво оружје. Кој сака може да го провери тоа во полиција, ако е целта да се дознае вистината. Но, од ова што го гледаме и слушаме, изгледа дека целта е да шират лаги, само за да се оправда постапката на Диме Спасов“, вели Динарица.

Во меѓувреме сопатничката на дополнителниот заменик министер по третпат го сменила исказот во полицијата, а соговорниците велат дека дал лажен исказ – признание и шоферот од министерството кој во петокот вечерта кога се случија двете сообраќајки дојде на местото каде што беше запрен Спасов и тврдеше дека тој го возел џипот „туарег“ со кој беа удрени две возила.

Возачот во четвртокот попладне во полициската станица во Карпош признал дека дал лажна изјава односно признал дека тој не го возел „туарегот“.

Полициски извори брифираат дека вчера сопатничката на Спасов, Т.К. во полиција дала три различни искази. Првиот бил дека Спасов го возел џипот и не биле нападнати. Следниот ден сопатничката се премислила и изјавила дека шофер од Министерството за труд и социјала го управувал џипот ден пред тоа.

Министерството за внатрешни работи вчера му поднесе три прекршочни пријави на Спасов, за напуштање на местото на сообраќајката и неизвестување на Министерството за внатрешни работи, за тоа што не постапил по знаците и наредбите на полицајците и не ја приспособил брзината на движење според условите за да може да го запре возилото ако е тоа потребно./крај/мф/ффс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Featured

(Видео) Костовски: Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Мицкоски мора да биде расчистен

Објавено пред

Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Христијан Мицкоски и попречувањето на полициската акција против дрога мора целосно да биде расчистен, изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

dobivaj vesti na viber

Рече дека најавите за проширување на истрагата се позитивен момент во вистинската насока.

Но, надлежните институции, вели Костовски, имаат обврска да постапат професионално, во рамки на своите законски надлежности и секој инволвиран да понесе одговорност.

„МВР мора да одговори на прашањето за улогата на Мицкоски? Затоа што станува збор за спречување на акцијата против дрога од страна на негово обезбедување. Особено што и многу скандали со дрога се поврзуваат со ДПМНЕ и Белата палата. Професор во музичко училиште и претседател на ОК-ДПМНЕ Пештани неодамна беше фатен со кокаин. Наставничка во училиште во Ново Лисиче, претставник на ДПМНЕ во изборната комисија во Аеродром беше уапсена за дрога. Телохранителот на Мицковски, физички нападна полицаец за да спречи акција за откривање на дрога во познат скопски локал.Дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?“, праша Костовски.

Овој случај, како што додаде, мора целосно да се расветли и сите инволвирани да понесат одговорност.

Прикажи повеќе...

Featured

(Видео) Груевски: Ретко се гледам со Мицкоски

Објавено пред

Експремиерот Никола Груевски по судското рочиште за предметот на СЈО, „Насилство во Центар“, на новинарско прашање одговори дека со новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ретко се гледа и дека тој самостојно ја води партијата.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е ново раководство, си имаат свои приоритети. На почетокот се на својот мандат и треба да им се остави време за да се докажат со работењето, да ги покажат своите идеи“, изјави Груевски пред судот.

Прикажи повеќе...

Featured

Заев: Во борбата на нотарите и адвокатите за подобра заработка забораваат дека сите им служиме на граѓаните

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го повлече најавениот предлог-закон за нотаријат бидејќи адвокатите бараа повлекување или најавија штрајк, тој одговори дека правото на штрајк на адвокатите не им бега.

dobivaj vesti na viber

„Ред е првин да разговараме, а по тоа, правото на штрајк не им бега. Јас денеска закажав состанок со министерот за правда и заменик-министерот за правда, мојот советник за правни работи, но и претседателот на Комората за нотаријат на нотарите, претседателот на Комората на адвокатите и претставникот на Стопанската комора, која работи на оваа проблематика. Верувам дека денеска ќе најдеме решение што ќе биде прифатливо за двете страни, а во функција на закон што, пред сè, ќе им служи на граѓаните. Во борбата кој ќе добие повеќе можности да заработи се забораваат дека сите им служиме на граѓаните преку пренесени овластувања, пред сè, нотарите, но секако и адвокатите. Наша конечна цел како Влада е да ги намалиме трошоците на граѓаните во која било постапка“, рече премиерот.

Тој се надева дека ќе имаат разбирање од претставниците на двете комори и на Стопанската комора на Македонија да изнајдеме правично решение и секој да добие фер шанса во согласност со Уставот и законите да заработува од Република Македонија, но и граѓаните да добијат пониски сметки при нивните правно-формални постапки што ги водат пред институциите.

„Законот, секако, ќе претрпи промени. Тоа што можам од почеток да го кажам е дека во еден дел сигурно се во право адвокатите, а во друг дел сигурно се во право и нотарите. Верувам дека има и меѓународни пракси, ние не го измисливме ова, ќе ги примениме сите меѓународно добри, признати примери и она што е пракса во Република Македонија, сослушувајќи ги аргументите на двете страни, на крајот да се донесе правично законско решение за заинтересираните страни. Но, како што реков, во функција на интересите на граѓаните на Република Македонија“, рече Заев.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Трамп по разговорот со европските лидери и со Зеленски: Русија ќе се соочи со последици ако не се движи кон мировен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „многу добар“. „Тој...

Европа7 часа

Зеленски не го промени својот став за територијалните отстапки

На прашањето дали го променил својот став за предавањето на источниот регион Донбас по денешните разговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Европа7 часа

Што сакаа да постигнат европските лидери преку разговорот со Трамп?

Можноста, американскиот претседател Доналд Трамп самиот да седне со Владимир Путин, предизвика нервоза кај европските лидери. Иако Трамп јавно покажа...

Македонија8 часа

(Видео) Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен

Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за...

Македонија9 часа

Според очевидците пожарот кај Јасен бил разгорен од удар на гром, Мицкоски вели се прават натчовечки напори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување беше во ловиштето „Јасен“, каде што веќе...

Македонија10 часа

Уставен оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија

Уставниот суд оформи предмет по иницијатива на Лилјана Поповска, со која се оспорува протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина...

Култура10 часа

Почина оперската дива Милка Ефтимова

Почина оперската примадона Милка Ефтимова, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот. Во својата...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат...

Топ15 часа

Уапсен скопјанец, фрлал камења кон полициски хеликоптер додека полнел вода за гаснење пожар

Вчера вечер, во 18:55 часот, полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение...

Македонија16 часа

ЦУК: Изгаснати 28, активни три пожари

До 08:00 часот, на територијата на Македонија имаше вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари,...

Свет16 часа

Комисијата на СЗО: Топлотните бранови повеќе не се климатска закана, туку здравствена криза

Екстремните временски услови што ги засегаат Европа и Централна Азија повеќе не се само климатска закана, туку и сериозен проблем...

Македонија16 часа

Димова: Повеќе од пет години не сум директорка на несреќната институција, недолично е да се кажуваат лаги

Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги...

Македонија16 часа

Пожарот кај Јасен сè уште активен, патот Македонски Брод – Скопје затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет1 ден

Белата куќа објави детали за средбата Трамп – Путин

Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи во петок, во Енкориџ, Алјаска, објави...

Топ1 ден

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето и убиството во Тетово

Тројца возрасни и едно дете се осомничени за пукањето во Тетово што се случи во неделата, а во кое беше...

Македонија1 ден

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со...

Свет1 ден

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во...

Топ1 ден

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ1 ден

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Регион1 ден

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...