Uncategorized
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да се амнестира од одговорност за хајките против „Југохром“
Денешниот обид да се амнестираат од срамните постапки, нарачани кривични пријави и медиумски хајки во функција на затворањето на „Југохром“ не само што не им проаѓаат кај граѓаните, туку и го будат револтот од ова срамно лицемерие на СДСМ, реагираат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во саботата.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека коалиционите партнери на СДСМ минатата година поднесоа кривична пријава против „Југохром“ и бараа негово затворање, па оттаму за нив претставува „врв на срамот“ што денес истиот СДСМ се обидува да се испере од одговорноста за своите постапки и медиумските хајки против „Југохром“ со кои бараше неговото затворање.
Претходно опозициска СДСМ на прес-конференција ја обвини власта за гаснењето на печките во „Југохром“, оти наводно се правела дека решава еден проблем а направила нов, со што 720 вработени сега се во неизвесност за своите работни места и за својата плата со која ги прехрануваат семејствата.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија со цитирање на поренешен став на СДСМ и нивните коалициони партнери од минатата година кога ја поднесоа кривичната пријава против „Југохром“.
„Кривичната пријава се поднесува за загрозување на здравјето на граѓаните на Тетово и уништување на животната средина. Југохром не го испочитува Законот и не ги почна навремено набавките на еколошката опрема, па продолжи да загадува со несмалено темпо, не водејќи сметка за поплаките на граѓаните и укажувањата и казните на институциите“, се цитира во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тогаш на СДСМ им беше виновен ‘Југохром’ за ненавременото реагирање и бараа да се затвори. Сега откако успеаја да го затворат на СДСМ им е виновна Владата за судбината на вработените во фабриката“, заклучуваат од владејачката партија.
Тие сметаат дека СДСМ ниту се грижила за животната средина, ниту за здравјето и судбините на граѓаните.
„СДСМ сака само да лаже и манипулира прикажувајќи наводна грижа, со главна цел да собира дневнополитички ситни поени за да го подобри својот мизерен рејтинг пред сигурниот пораз кој доаѓа неминовно“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

