Контакт

Надворешна политика

Димитриев-Фрај: Позитивен пристап на партиите кон градењето доверба во изборниот процес

Објавено пред

Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, во понеделникот оствари средба со Торстен Фрај, пратеник во германскиот Бундестаг од редовите на ЦДУ/ЦСУ и главен известувач во Бундестагот за Република Македонија, со кого ги поздравија добрите билатерални односи помеѓу Македонија и Германија и истакнаа заложби за нивно континуирано унапредување и продлабочување во секоја сфера од взаемен интерес.

dobivaj vesti na viber

 

Двете страни ја истакнаа значајноста и потребата за организирањето на фер и демократски избори. Димитриев ја афирмираше фокусираноста на Владата кон организирањето на кредибилен изборен процес и јасниот владин став за поддршка на работата на Државната изборна комисија за прашањата за кои комисијата изразува таква потреба.

 

Димитриев и германскиот пратеник Фрај се согласија дека сите политички партии треба да имаат позитивен пристап кон градењето доверба во изборниот процес и дека политичките партии треба да ги прифатат резултатите од изборите со цел креирање на политичка влада која ќе има полн фокус на приоритетите за развој на економијата, реализацијата на стратешката определба на Република Македонија за членство во Европската унија и НАТО, и реформите за унапредување на стандардите кои се од значење за нашите европски и евроатлански интеграции.

 

Соговорниците разговараа и за менаџирањето на ефектите од мигрантската криза. Премиерот Димитриев истакна дека крајот на домашната политичка криза ќе обезбеди и дополнителен квалитет во надминувањето на актуелните и на потенцијалните предизвици во врска со мигрантите./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Невидена партизација во тек, единствениот пат до вработување е или преку партија или преку граница, велат од СДСМ

„Во државата на ДПМНЕ, нема институција која не е подложена на груба партизација пред изборите. МНАВ, Министерството за одбрана и...

Македонија2 часа

Општините лани потрошиле рекордни 𝟣𝟫𝟢 милиони евра на тендери, Град Скопје за првпат не прв на листата

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година. Истражувањето...

Свет2 часа

(Видео) Зеленски би можел да учествува на средбата Трамп-Путин, тврдат Американците

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да присуствува на средбата меѓу...

Свет4 часа

(Видео) Израелската армија: Убивме новинар на Ал Џезира

Израелската војска вчера објави дека го убила новинарот на Ал Џезира, Анас Ал Шариф (28), во напад врз градот Газа,...

Европа4 часа

Голем пожар во Шпанија, евакуирани 1.000 луѓе

Вчера во Мадрид беа евакуирани повеќе од илјада луѓе поради шумски пожари во северозападна Шпанија, кои дополнително беа интензивирани од...

Македонија5 часа

Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија5 часа

Зголемена фреквенција на возила, на Богородица и Дојран се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија17 часа

Четворица пациенти со тешки телесни повреди се примени на хируршките клиники во Скопје

Четворица пациенти со тешки телесни повреди беа примени денеска на хируршките клиники во Скопје по вооружена пресметка на улиците во...

Македонија18 часа

ДСЗИ ќе врши вонреден надзор откако пациентка на 30 години почина во болница

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка...

Топ19 часа

Се запали глисер во Охридско Езеро

Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри...

Топ20 часа

Убиство среде бел ден во Тетово, во пукањето повредени се четири лица меѓу кои и дете

Едно лице загина, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетно девојче, во вооружена пресметка што денеска околу 12:30 часот се случила...

Македонија20 часа

Војниците во касарната „Илинден“ оддадоа почит за хероите загинати кај Љуботенски бачила

Во касарната „Илинден“ во Скопје, со положување венци и цвеќе, највисоките државни претставници оддадоа почит на хероите кои го загубија...

Македонија21 час

На 12 и на 14 август ќе биде полагањето на двата екстерни испита од државната матура

Двата екстерни испита во августовската испитна сесија од државната матура, за матурантите кои во јуни не ги положиле или не...

Македонија1 ден

Храбрите и неуморни пожарникари изгаснаа 21 пожар, активен е само уште еден

Центарот за управување со кризи информира дека до 9 часот наутро, регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор. Од...

Македонија1 ден

Денес се навршуваат 24 години од загинувањето на бранителите кои нагазнаа на мина кај Љуботенски бачила

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на осуммината бранители, припадници на резервниот состав...

Топ2 дена

Пијан скопјанец преминал на спротивна лента кај Петровец, удрил во автомобил- повредени се две бебиња

Против 57-годишен жител на селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во...

Македонија2 дена

МВР се огласи по случајот со началникот во Демир Хисар: Преземаме соодветни мерки

Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола,...

Македонија2 дена

Сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора: Здравство ги презема нејзините надлежности

Поради сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора, Министерството за здравство ги презема нејзините надлежности, изјави министерот...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, најави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Владата е...

Македонија2 дена

(Видео) Началник бара Итната помош на носилка да однесе директорка на информативен разговор во станица

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа началник во домот на директорка на училиште во Демир Хисар...