Македонија
Тасева: Ниту еден од избраните антикорупционери не ги исполнува условите

Ниту еден од новоизбраните членови на антикорупциската комисија не ги исполнува условите, смета поранешната претседателка на антикорупциската комисија, Слаѓана Тасева.
Ниту еден од новоизбраните членови на антикорупциската комисија не ги исполнува условите, смета поранешната претседателка на антикорупциската комисија, Слаѓана Тасева.
„Ова сите треба да разбереме дека станува збор за нешто поинаку отколку што беше претходно, станува збор за професионален состав и професионално вработување. Ако се критериумите јасни, ако пишува десет години работа во таа сфера, дипломи од областа на правото и економијата како науки, ако се јасни критериуми кој би можел да биде избран да учествува на тој конкурс, лицата коишто се избрани, ниту еден не ги исполнува условите. Фактот дека некој бил во претходната комисија не го прави дека ги исполнува условите во овој конкурс и мислам дека од тука треба да тргнат и тие самите кои што се избрани во таа комисија. Дека не требаше веднаш да го загрозат својот интегритет со прифаќање и дозволување на вакво нешто да се случи. Ако беа личност со интегритет немаше да дозволат ваков избор“, рече Тасева.
Вчера беше изгласан новиот состав на антикорупциската комисија. Актуелниот претседател Илми Селами, Зоран Додевски, Љубинка Муратовска Маркова и Мирјана Димовска, како и новопредложените Воислав Зафировски, Љубинка Корабовска и Сеиди Халили, се новите антикорупционери.
Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) беше изгласан со 60 гласа „за“./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.