Македонија
Полицијата за убиството и самоубиството во Охрид
Две безживотни тела на маж и жена, се пронајдени вчера во семејна куќа на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, соопштуваат од СВР Охрид.
Две безживотни тела на маж и жена, се пронајдени вчера во семејна куќа на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, соопштуваат од СВР Охрид. По извршениот увид, констатирано е дека се работи за брачна двојка, 33 годишната охриѓанка Борка В. и 35 годишниот Игор В. Кај Борка е констатирана прострелна рана во пределот на десната слепоочница додека нејзиниот сопруг Игор се здобил со четири прострелни рани во пределот на грбот, слабините и рамото. Полициските службеници на местото на несреќата пронашле повеќе чаури и куршуми од огнено оружје – пиштол марка ЦЗ-99 калибар 9 милиметри. Пиштолот службено го поседувала Борка, која била вработена како полицаец во Полициската станица за граничен премин Аеродром Охрид. При увидот, забележани се траги од оштетувања од проектили на ѕидовите, дограмата и покуќнината кои се подигнати и испратени на вештачење во МВР на РМ во Скопје.По наредба на Истражен Судија, во текот на денешниот ден ќе биде извршена обдукција. СВР Охрид презема дополнителни мерки и работи на целосно расчистување на овој настан. крајохридњуз/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.