Uncategorized
Симфониски концерт „Фиеста“
Македонската филхармонија утревечер, во Домот на армијата во Скопје, ќе одржи симфониски концерт насловен „Фиеста“, под диригентство на Нил Томсон од Англија. Како солист ќе настапи мексиканскиот гитарист Морган Шимански
Концертот вклучува дела кои се инспирирани од мексиканската и шпанската музичка традиција, од музиката на маријачите и шпанските танци фламенго, фандаго и сегедија.На програмата е и едно од најубавите дела за гитара и оркестар – „Концертот Аранхуез“ од Хоакин Родриго, а ќе бидат изведени и „Тророгата шапка“ од Де Фаља, „Хуапанго“ од Х. П. Монкајо, „Звуците на Маријачи“ од Галиндо и „Ел Сид“ од Масне.Морган Шимански е роден во Мексико. Студиите ги завршува на Конзерваториумот во Амстердам, а магистрира на Кралскиот колеџ во Лондон. Тој е прв гитарист избран за застапување од страна на агенцијата Млади концертни уметници, и прв гитарист добитник на стипендија на Кралскиот колеџ. Во 2002 година е победник на Националниот натпревар за гитаристи во Мексико, по што неговата кариера оди во нагорна линија и настапува на концертните подиуми во Европа. Kако солист и со оркестар настапува во Англија, Португалија, Италија, Франција, Швајцарија, Белгија, Холандија со престижни оркестри како Кралската филхармонија, Хале оркестарот, и во престижни сали меѓу кои Вигмор Хол, Кадоган Хол, а во 2010 ќе настапи во салата на Виенската филхармонија. Како искусен камерен музичар, Морган Шимански настапува во повеќе различни формации, со соло глас, труба, виолина или со ансамблот перкусии “О дуо” со кој настапува во Париз, Лондон и Швајцарија. Неговата соработка со писателот Викрам Сет (“Музика и тишина”) резултира со ЦД насловено „Песни на војната и мирот“, а други негови аудио изданија се „Еднорог во градината”, „Мано а Мано” (со составот “Мачака”) за кој добива одлични критики. Репертоарот на Морган Шимански е разнолик, вклучувајќи шпанска и латино-американска музика, но и музика на 21-от век како за соло гитара, така и за камерни ансамбли во чиј состав има гитара.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

