Контакт

Спорт

14-годишно момче обвинето за расистичко навивање

Објавено пред

Уште двајца навивачи добија забрана од присуство на натпревари во следните три години откако беа прогласени за виновни поради недостојни и навредливи зборови упатени кон дефанзивецот на Портсмут, Сол Кемпбел на натпреварот против Тотенхем минатата година.

dobivaj vesti na viber

42-годишниот Иан Троу од Милтон Кејнс и 14-годишно момче се изјаснија како невини пред судот во Портсмут во однос на расистичко и хомофобично навивање кон Сол Кемпбел на “Фратон Парк” на 28 септември.По три часовно сосолушување и видео снимки од натпреварот судот утврди дека навивачите длабоко верувале во своите зборови и дека јазикот ги надминува сите дозволени норми на навивање.Снимката покажува и други навивања од околу 2500 фанови.Троу беше казнет и со парична казна во износ од 500 фунти, а момчето со 400 фунти.По натпреварот, полицијата на Хемпшир пушти слики од 16 луѓе вклучени во расистичките навивања. Вкупно 11 се уапсени и четворица се изјаснија виновни во јануари и беа осудени на забрана од натпревари за три години и парична казна.На тројца возрасни мажи и две 15-годишни момчиња полицијата им одреди санкции, но Троу и 14-годишното момче добија забрани од три години.Кемпбел ги налути навивачите на Тотенхем откако замина во Арсенал пред седум години.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Онана нема да брани против Њукасл

Објавено пред

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана нема да брани за „црвените ѓаволи“, денеска против Њукасл во 32. коло од Премиер лигата.

dobivaj vesti na viber

Голем број релевантни британски медиуми се повикуваат на извори блиски до клубот и тврдат дека тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим не го ставил на спискот Онана за претстојниот натпревар.

Натпреварот Манчестер Јунајтед – Њукасл започнува во 17.30 часот.

Аморим решил да му даде можност на Онана да се одмори и да се дистанцира од се она што му се случува изминатите недели, а на голот ќе биде Турчинот Алтај Бајиндир.

Камерунецот беше виновен за двата примени гола во ремито против Лион во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа.

Онана претходно се најде на удар на јавноста откако пред мечот со Лион изјави дека „црвените ѓаволи“ се далеку подобри од својот ривал.

Во јавноста излезе и одговорот на поранешниот фудбалер на Јунајтед и поранешен српски репрезентативец Немања Матиќ, кој му порача на Камерунецот дека „ е најлошиот голман во историјата на Јунајтед“.

Манчестер Јунајтед е на 13. место на табелата во англиското првенство со 38 бодови, додека Њукасл е на седмото место со 53.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Од тројцата најдобри, најдобар е Ѓоковиќ“

Објавено пред

Патрик Муратоглу, еден од најпознатите тениски тренери, јасно и гласно вели дека Новак Ѓоковиќ е најголемиот на сите времиња.

dobivaj vesti na viber

Ѓоковиќ е член на „големата тројка“ со Федерер и Надал, но за Муратоглу нема дилема дека тој е далеку пред овие двајца.

Французинот, во интервју за „Јуроспорт“ објасни зошто е тоа така.

„Кога ќе ги погледнете тројцата најдобри, еден од нив е најдобар. Беше број 1 подолго од другите двајца, освои повеќе Грен слемови од нив, освои повеќе Мастерс од нив, ги победуваше секаде, на сите подлоги. Тоа е Новак”, рече Муратоглу.

Во однос на влијанието врз тенисот, Муратоглу вели дека можеби предност има некој друг, но тоа не менува многу.

„Се согласувам дека можеби за 50 години некој ќе каже дека Федерер оставил поголема трага од Ѓоковиќ, но кога бираме кој е најдобар во историјата, мора да се потпреме на постигнувањата“, рече францускиот тренер и заклучи.

„Целата идеја за спортот е кој е подобар. Играчите се натпреваруваат меѓу себе за да видат кој е најдобар таа недела, на крајот на годината ќе видиме кој е најдобар во таа година. Затоа ова е лажна дебата. Ако прашањето е кој е најдобар, тогаш одговорот е јасен – Новак“.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Волкановски го врати шампионскиот појас во перо категорија

Објавено пред

Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски го победи Бразилецот Диего Лопес во борбата за шампионскиот појас во перо категорија, во главната борба на УФЦ 314 настанот.

dobivaj vesti na viber

УФЦ 314 се одржа во Мајами, САД, во домот на НБА франѓизата Мајами Хит. Публиката уживаше во неизвезната борба.
На крајот „Волк“ победи со одлука на судиите 48:47, 49:46 и 49:46.

Волкановски во Мајами ја прекина серијата од два порази во УФЦ (претрпе тешки нокаути, од Ислам Махачев и Илија Топурија), туки и влезе во историјата на оваа категорија.

Волкановски стана првиот борец постар од 35 години кој освоил појас во перолесна категорија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Граѓаните биле под потенцијална загрозеност во сите дискотеки, рече Коцевски

Доказите упатуваат на суштински пропусти кај раководната структура во Дирекцијата за заштита и спасување. Ова го истакна државниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија1 час

Поранешни министри и директори меѓу новоосомничените за пожарот во „Пулс“, се бара притвор за четири лица

За четворица од новоосомничените за пожарот во Кочани Обвинителството бара притвор, за седум мерка куќен притвор во комбинација со забрана...

Македонија3 часа

Пожарникарите во изминатото деноноќие гаснеа седум пожари на отворено

Во последното деноноќие имало седум пожари на отворени, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите...

Свет3 часа

Црвено светло за Украина од Мерц: Не може НАТО и ЕУ додека е во војна

Можноста Украина да влезе во Европската унија и НАТО може да се разгледа само по завршувањето на борбите, вели Фридрих...

Македонија4 часа

Се’ уште се трага по исчезнатото лице од Степанци, 80 лица се вклучија во потрагата

Исчезнато повозрасно лице од селото Степанци во Општина Штип не е пронајдено, иако вчера во потрагата се вклучија околу 70...

Македонија5 часа

Уништени 1.230 килограми небезбедна храна пред Велигден, изречени се казни

Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници....

Свет6 часа

(Видео) Хамас објави видео од израелски заложник што го држи во Газа

Хамас објави видео во кое се тврди дека го прикажува израелско-американскиот заложник Едан Александар, кој е држен во Газа откако...

Македонија20 часа

(Видео) Граѓани со часови се заглавени во подземниот паркинг на ГТЦ оти автоматите за наплата не работат, а службите се отстутни

Вистински хаос се случува попладнево во подземниот паркинг на ГТЦ. Вознемирени граѓани кои се обратија до нашата редакција велат дека...

Македонија1 ден

Во странство се лекуваат 48 повредени од кочанската дискотека, нема планирани исписи за викендов

Министерството за здравство информира дека не се планирани исписи од странски медицински центри за викендов и во моментот се лекуваат...

Македонија1 ден

(Видео) Стартува „One stop shop“ на граничниот премин Долно Блаце-Елез Хан

На граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан профункционира заедничката гранична контрола (One Stop Shop). Со нова физичка и дигитална...

Економија1 ден

(Видео) Костова: Срамно се редефинира потрошувачката кошничка, папаја за владата – трошки за народот

Скандалозни се последните најави на Владата со кои сака да ги искриви реалните пресметки на потрошувачката кошничка, кажа денеска на...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Системот на Венко Филипче го урниса здравството

Венко Филипче ја постави Пановска за директор за да дава тендери на татко и, тој нема кредибилитет, да си поднесе...

Македонија1 ден

(Видео) Ристова: Откриваме нов скандал – пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

Пазарот во Неготино е изграден без соодветно одобрение за градење, а се води како „поставување на урбана опрема“, обвини денеска...

Македонија1 ден

Во тек е акција за апсење на повеќе лица во рамки на истрагата за пожарот во Кочани

По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на...

Регион1 ден

(Видео) Хаос во Србија: полицијата за раце и нозе влечеше луѓе кои ги блокираа автобусите за митингот на Вучиќ

Посериозен конфликт меѓу полицијата и граѓаните во Нови Пазар се случи откако студентите, според информациите од социјалните мрежи, го блокирале...

Регион1 ден

Паралелни собири во Србија: студентите во Нови Пазар, власта во Белград

Во Србија денеска ќе се одржат два паралелни собири – еден во организација на студентите и друг во организација на...

Македонија1 ден

СДСМ: Кој ќе одговара за последниот смртен случај на Кардиохирургија?

СДСМ бара итна и целосна истрага за скандалот на Кардиохирургија и утврдување на одговорност за последниот смртен случај каде пациент...

Македонија1 ден

Министерот Муцунски денеска ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум (ADF2025), што се...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: За отвореното како пупка судство на Заев, младиот живот изгубен на пешачки од несовесен возач вреди две години, а за ќебапи пет години затвор

Седумгодишното владеење на СДС и ДУИ остави трајни последици во функционирањето на системот. Постепено и систематски тие ја уништуваа секоја...

Македонија1 ден

Времето денеска променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Според информациите од УХМР, ќе дува умерен, а долж Повардарието...