Uncategorized
Шефер – ЕУ повеќе да се ангажира во Авганистан
Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер како недоволна ја оцени улогата на Европската унија (ЕУ) во Авганистан, повикувајќи ја да почне итна обука на авганистанската полиција.
Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер како недоволна ја оцени улогата на Европската унија (ЕУ) во Авганистан, повикувајќи ја да почне итна обука на авганистанската полиција.
„НАТО не си постави за задача да ги реши проблемите на Авганистан, бидејќи одговорот на тие проблеми не е од воена природа. Вистинскиот проблем е дека Авганистан не е доволно присутен во видокругот на ЕУ“, изјави Шефер, во интервју што во вторник ќе го објави парискиот весник „Ле Монд“
./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Филипче: Само за камати за унгарскиот кредит годишно ќе се платат 18 милиони евра
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека каматите за кредитот од Унгарија на годишно ниво ќе изнесуваат околу 18 милиони евра. Филипче порача дека граѓаните ниту се должни ниту имаат некаков бенефит од плаќање на камати за овој кредит. При тоа, Филипче потенцираше дека повлекувањето на парите од унгарскиот кредит, отвора сериозно загрижувачки прашања, односно дека ниту општините се подготвени да ги искористат, ниту пак има развиен механизам како ќе се поделат парите на компаниите, а во меѓувреме граѓаните ќе плаќаат камати.
„Годишно каматите за тој кредит ќе изнесуваат околу 18 милиони евра. Тоа значи дека ние веќе плаќаме камати за кредит којшто е целосно повлечен иако можело да се повлекува на пример по делови, а едноставно не може да искористи. Тоа значи дека кога некој граѓанин ќе купи стан или кола, ќе земе кредит, а станот или колата ќе му дојдат следната година. Тоа нема никаква домаќинска логика. Не знам зошто премиерот и Владата вака недомаќински се однесуваат со ресурсите на државата и со парите на граѓаните. За да се направат проекти, за да се реализираат и за да се стигне до наплата треба сериозен број на месеци, а ние имаме најмалку шест месеци период во којшто граѓаните плаќаат камати без никаква потреба“, рече Филипче.
Во однос на механизмот за поделба на парите кон компаниите, Филипче потенцираше дека Владата и за овој дел нема план и дека очекувано ќе биде комерцијалните банки за своите трошоци да ја зголемат каматната стапка.
„Не станува збор очигледно за така поволен кредит како што Владата сакаше да го рекламира на почетокот. Моите информации се дека има компании коишто се добро рангирани кои од нашите банки земаат кредит со каматна стапка под 3%. Тоа значи дека има многу поповолни кредитни линии за компаниите. Зошто граѓаните да плаќаат камати и да враќаат кредити за развој на некои компании. Каков бенефит ќе имаат граѓаните кога ќе плаќаат кредити за развој на некои комерцијални компании? Зошто не беше премиерот и Владата фер да кажат дека каматата нема да биде само 3,25%, туку дека ќе биде многу повеќе, а сега во овој временски период и значајно повеќе од тоа што реално може да се најдат пари на пазарот и преку комерцијалните банки“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Uncategorized
Русија изврши напад врз Украина со крстосувачки ракети и беспилотни летала напаѓајќи го Киев
Во текот на ноќта и утринава Русија ја нападна Украина со стратешки бомбардери, крстосувачки ракети од различен тип и наведувани воздушни бомби, а нешто подоцна следуваше и самоубиствен напад со беспилотно летало, соопштија украинските власти.
Според податоците на украинските воздухопловни сили, шест авиони „ту-95 мс“ полетале за Украина, пренесува „Укринформ“.
Одбранбените сили на Украина на „Телеграм“ објавија дека до 10 часот денеска собориле два крстосувачки ракети „Х-101“, кои биле лансирани од областа на Каспиското Море, како и две балистички ракети „Искандер-М/КН-23“ лансирани од Воронежскиот регион во Русија.
Uncategorized
(Видео) Марија Шерифовиќ го прекина концертот во Ниш и ѝ се обрати на жена во публиката
Марија Шерифовиќ во рамките на турнејата „Доаѓа љубов“ на 8 ноември одржа концерт во Ниш.
Додека Марија пееше на сцената, во еден момент виде повозрасна жена како енергично танцува и пее заедно со неа поради што морала да го прекине концертот, известија српските медиуми.
Пејачката се обратила кон жената сакајќи да го дознае нејзиното име, а таа одговорила дека се вика Даворка.
@danojlovicn 😂😂😂😂 #pesma #koncert #niš #nis #dolaziljubav #serifovic #marijaserifovic #tiktok #viral #go #like #viral_video #viralvideos #tik_tok ♬ original sound – Nađa Danojlović
„Госпоѓо, посакувам да сте живи и здрави“, ѝ рече Марија, а публиката ја поддржа со овации.
Жената продолжи да скока од среќа покажувајќи ѝ срце на пејачката со рацете и признавајќи дека сама дошла на концертот, но дека многу се забавува.
Марија синоќа одржа концерт и во Скопје.