Uncategorized
„Мораториум„ за имигранти од Бугарија и Романија?
Близу 450.000 имигранти пристигнале во Велика Британија во последните две години, откако 10 нови земји пристапија во Европската унија (ЕУ).
Близу 450.000 имигранти пристигнале во Велика Британија во последните две години, откако 10 нови земји пристапија во Европската унија (ЕУ).
Ова денеска го објави влијателниот „Би-Би-Си“, вклучувајќи се во дебатата, што деновиве интензивно се води во Велика Британија, околу воведување ограничувања за пристап на нови имигранти од Бугарија и Романија, по нивното влегување во ЕУ..
Бројката што ја објави „Би-Би-Си“, како и податокот дека само во текот на летово во Британија имигрирале околу 50.000 лица, претежно Полјаци, дополнително ќе ја вжештат расправата дали треба да се наложи ограничување во врска со претстојното присоединување на Бугарија и Романија кон ЕУ.
Според „Би-Би-Си“, британската влада веќе е изложена на притисок од општините, каде што се концентрираат имигрантите од источноевропските држави кои сега се членки на ЕУ. Меѓу лабуристите на партијата на премиерот Тони Блер, кои се либерални кон имиграцијата, расте бројот на оние кои се за ограничувања.
Поранешниот министер од редовите на лабуристите, Франк Филд смета дека сите земји членки на ЕУ треба да воведат мораториум од седум години за прием на имигранти од Романија и Бугарија. Според него, Велика Британија треба да воведе ограничување и за имигрантите од 10 земји, кои во 2004 година пристапија ко ЕУ.
„Би-Би-Си“, пренесува и мислење на лидерот на организацијата „Migration Watch UK“, Ендрју Грин дека е неопходно да се воведе пауза за влегување на нови работници. Според него обемот на бројот на имиграцијата во Велика Британија излегол од контрола, бидејќи во владата сметале дека годишно ќе пристигнуваат само околу 15.000 лица.
Сервисот на„Би-Би-Си“ наведува и спротивни мислења. Угледен адвокат во Immigration Advisory Service смета дека има економски причини за примање на нови работници, главно неквалификувани.
„Овде не гледам луѓе, кои сакаат да продаваат риба, месо или сендвичи. Тоа се значајни работи за нашата економија, а работодавачите не можат да најдат доволно работници“, изјави адвокатот/крај/ббц/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Минчев – Жариќ-Ковачевиќ: Зајакнување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Србија во јавната администрација
Во рамки на зајакнување на регионалната соработка, Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, оствари билатерална средба со Министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија, Јелена Жариќ Ковачевиќ, на која разговараа за областите на соработка насочени кон унапредување на системите на јавна администрација во двете земји.
На средбата беа истакнати одличните релации меѓу држави, при што двајцата министри изразија заедничка посветеност за продлабочување на соработката во областа на владеењето и административните реформи.
Во таа насока, заложбите на двете страни кулминираа со договор за потпишување на Меморандум за соработка во перидот кој следи, а кој ќе ја формализира размената на најдобри практики, заеднички иницијативи и споделена експертиза во јавната администрација.
„Потпишувањето на овој меморандум за соработка ќе означи ново поглавје во партнерството меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација, едновремено истакнувајќи ја нашата заедничка цел, а тоа е модернизирање на јавна администрација и унапредување и зајакнување на процесите и капацитетите кои произлегуваат од неа.”- истакна министерот Минчев.
Министерката Жариќ Ковачевиќ ја потврди оваа иницијатива, истакнувајќи ја важноста на регионалните партнерства во поттикнувањето на реформите кои ќе ја подобрат испораката на јавните услуги за граѓаните во двете земји.
Двете министерства ќе се заложат преку редовни консултации и состаноци да работат на конкретни процеси кои ќе придонесат за ефективна имплементација на реформите во јавната администрација, а кои ќе бидат дел од Меморандумот за соработка.
Uncategorized
(Видео) Гори дел од касарна, голем пожар во Србија
Во делот од касарната лоциран во близина на болницата ВМА, во Бањица денеска во попладневните часови имало пожар.
View this post on Instagram
Како што се гледа на видеото кое е објавено на социјалната мрежа Инстаграм, во тој дел од градот се шири густ чад.
На терен се 12 пожарникари и четири противпожарни возила.
Uncategorized
Општина Аеродром доделува мали грантови за управување со отпад
Општина Аеродром објавува повик за доделување мали грантови за граѓанските организации на тема „Зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад од пакување“.
Целта на повикот е да се променат навиките на локалното население за селектирање отпад од пакувања во своите домаќинства и да се научат на правилна селекција на отпадот, пред сè, пластика и лименки.
Вкупниот износ на финансиските средства за грантот изнесува 25.000 евра обезбедени преку проектот финансиран од Европската Унија „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“.
Минималната вкупна сума што може да ја добие една граѓанска организација е 2.500 евра, додека максималниот износ по грант изнесува 5.000 евра во денарска противвредност.
Јавниот повик е отворен за граѓански организации што се формално регистрирани на територијата на Град Скопје најмалку 2 (две) години пред објавата на овој повик.
Предност ќе имаат оние организации што во својата мисија и статут имаат заложби за зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад и кои во својот фокус ги имаат младите.
Проектите може да бидат со времетраење од 3 месеци, односно да се спроведат во периодот од ноември 2024 година до јануари 2025 година.
Предлог-проектите мора да се спроведуваат исклучиво на територијата на Општина Аеродром.
Рокот за поднесување на предлог-проектите е до 16.10.2024 година, најдоцна до 15:00 часот во Архивата на Општина Аеродром (соба број 7 на први кат) или електронски преку е-адресата [email protected]. Подетални информации за повикот може да се добијат на телефонскиот број 075/572-830.
Документацијата за поднесување на предлог-проектите може да се преземе на следниов линк.