Uncategorized
Карзаи преживеа атентат – неколку уапсени
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска се појави на државната телевизија ирече дека неколку лица се уапсени воврска со обидот за атентат завреме на утринската свеченост во Кабул.
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска се појави на државната телевизија ирече дека неколку лица се уапсени воврска со обидот за атентат завреме на утринската свеченост во Кабул.
Карзаи нателевизијата се појави помалку од два часа по неуспешниот атентат за коиодговорноста ја презедоа талибанците и рече дека се е во ред.
Најмалку еден човекзагинал, а 11 се ранети, меѓу нив и двајца или тројца авганистански пратеници вонападот, соопшти министерството за одбрана.
Во обраќањето донацијата, Карзаи рече дека „непријателите на Авганистан” се обиделе да ја пореметат свеченоста, но силите за безбедност го попречиле нападот,во кој се ранети најмалку двајца парламентарци.
Се претпоставувадека Карзаи на народот му се обрати од претседателската палата,покрај која се одржуваше свеченоста по повод прославата на победата над советските силиво Авганистан./крај/хн/бг/ил
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Полскиот премиер: Ако видите германски војници, не паничете
Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија страшна трага на уништување од Романија до Полска, со тони кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и на крајот од драмата во срцето на Европа, сметките за штети ќе се мерат во милијарди долари.
Градовите јужно од Вроцлав, како што е Левин Брзески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите принудувајќи ги жителите да минуваат низ водата до половината или да бараат засолниште на покривите на зградите.
Германија им дојде на помош на Полјаците. Тоа беше можност за примеси на хумор во инаку незавидна ситуација. Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите.
“If you see German soldiers, don’t panic. They’re here to help,” says Polish PM @donaldtusk after announcing that German troops were volunteering to help tackle the floods in Poland pic.twitter.com/h8XwO2egG3
— Daniel Tilles (@danieltilles1) September 19, 2024
„Ако видите германски војници, не паничете. Дојдоа да помогнат“, рече тој.
Инвазијата на Полска од страна на германските војници на 1 септември 1939 година се смета за почеток на Втората светска војна.
За време на германската окупација 6 милиони Полјаци ги загубија животите, а повеќе од илјада села и градови беа срамнети со земјата.
Uncategorized
(Видео) Во БиХ падна првиот снег
Во Босна и Херцеговина падна првиот снег на планините Бјелашница, Јахорина и Влашиќ. До утрово остана само на Јахорина, покажуваат веб-камерите.
Според прогнозите на Федералниот хидрометеоролошки завод денеска во БиХ ќе биде претежно облачно.
Претпладне се очекуваат врнежи од дожд низ земјата, а на планините можен е и слаб снег.
Вака изгледаше Бјелашница синоќа.
Uncategorized
„Како политичари, наша задача е да ги насочуваме нашите народи кон иднина што ги надминува историските предизвици и ја прифаќа колективната европска судбина“, Муртезани на БИФ форумот во Подгорица
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, попладнево учествуваше на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој од 12-ти до 14-ти септември 2024 година, се одржува во Подгорица, Црна Гора.
На панелот со тема „Политички и технички преглед на процесот на интеграции во ЕУ на секоја од земјите на Западен Балкан“, министерот Муртезани се осврна на комплексниот евроинтегративен пат, кој има огромно политичко и економско значење за Западен Балкан.
„Овој процес, кој ја поврзува иднината на нашиот регион со визијата за обединета Европа, не е само бирократска вежба на исполнување зададени обврски; туку е чисто политички потфат. Претставува егзистенцијален избор, кој има за цел да ги преструктуира општествата, да поттикне стабилност и да ги вгради начелата на демократијата, владеењето на правото и заедничкиот просперитет во ткивото на нашите нации.“ – нагласи Муртезани.