Uncategorized
Премиера на „Последната лента на Крап“
Градскиот театар Скопје при Младинскиот културен центар ја подготвува својата втора премиера. Станува збор за претставата „Последната лента на Крап“ по текст на Семјуел Бекет
„Последната лента на Крап“ ја третира темата на човечката самобидност, темата на идентитетот. Крап и неговиот последен запис во кој го третира сопствениот живот како театарски текст. Перфектен танц на еден кловн кој на крајот сфаќа дека ниту еден човек на овој свет не може да остане човек. Преку Крап треба да се препознае жртвата на актерите како посебен вид на луѓе – најдобрите од нив се губат себеси. Актерот Златко Митрески истакна дека за него оваа улога барала огромна концентрација, еден вид уништување на себеси со постојаната потрага по сопственото Јас. Преку Крап ги третира сопствените емоции како повод да се откаже од последното човечко во себе и сопственото тело како идеален партнер на сопствената самотија. Режисерот Ристо Алексовски со оваа претстава го затвора кругот на претстави кои го третираат идентитетот. Претходните негови 3 премиери беа во Бугарија. Ова е негова прва премиера во Македонија.Премиерата на претставата е закажана за понеделник, 23 март, во 20 часот.Инаку, на денешната прес-конференција беше даден и извештајот за основачкото собрание на новата светска театарска мрежа Интеракт. За претседател на мрежата е избран Џон Блондел од САД, а фестивалот Млад отворен театар е вршител на функцијата генерален секретар на мрежата и во наредните 4 години канцеларијата на Интеракт ќе биде токму МКЦ. Договорено е да се организира фестивал Интеракт на кој ќе учествуваат претставите од театрите кои се дел од оваа мрежа, односно околу педесетина театри и фестивали од над 20 земји. Првиот ваков фестивал ќе биде наредната година во Санта Барбара. Два пати годишно ќе се издава и списание „Интерактинг“. Следното генерално собрание на мрежата ќе се одржи во Полска.Режисерот Дејан Пројковски ја најави и третата премиера на Градскиот театар Скопје која ќе се изведе некаде на крајот на мај. Станува збор за Молиеровиот „Дон Жуан“, но овој пат игран од жена. Режисер на оваа претстава е гостинот од Франција Патрик Вершурен. За оваа претстава во понеделник, со почеток од 10 часот во МКЦ, ќе се одржи кастинг за актери кои сакаат да играат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.

