Uncategorized
Над 200 илјади лица годишно умираат од рак предизвикан од работно место
Најмалку 200 илјади лица годишно умираат од рак што е предизвикан од условите на работното место, се наведува во најновиот извештај на Светската Здравствена Организација (СЗО).
Најмалку 200 илјади лица годишно умираат од рак што е предизвикан од условите на работното место, се наведува во најновиот извештај на Светската Здравствена Организација (СЗО).
Извештајот е изготвен по повод Светскиот ден за безбедност и здравје, 28. април.
СЗО предупредува дека милиони работници ризикуваат да заболат од рак на белите дробови поради вдишување на азбестови влакна, а голем дел од работниците се подложени на заболување од леукемија поради постојан контакт со бензол на нивните работни места.
Официјалните податоци на СЗО говорат дека околу 125 милиони луѓе годишно се изложени на работа со азбест, од кои што најмалку 90 илјади годишно го губат својот живот.
Неколку илјади работници на годишно ниво, според статистичките податоци, умираат од леукемија предизвиканана од изложеност на бензол и на органски растворувачи.
„Контролата на канцирогените материи на работните места треба да биде клучна компонента на секоја национална програма за контрола и превенција од рак“, смета претставникот на СЗО задолжен за програмата за превенција од канцерогените болести, Андреас Улрих.
Тој истакнува дека СЗО ги поддржува земјите во развој за развивање на национална програма за превенција и контролен план за борба со канцерогените болести.
/крај/со/ам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.