Uncategorized
Најмалку 15 загинати во нападот во Јемен
Најмалку 15 лицазагинаа, а 60 се ранети во експлозија на бомба сокриена под мопед во близина наџамијата во градот Сада, во северниот дел на Јемен, соопшти денеска полицијата.
Најмалку 15 лицазагинаа, а 60 се ранети во експлозија на бомба сокриена под мопед во близина наџамијата во градот Сада, во северниот дел на Јемен, соопшти денеска полицијата.
До експлозијатадошло во моментот кога верниците, меѓу кои имало и воени функционери,излегувале од џамијата Салман по денешната молитва.
За сега не епознато кој го извршил нападот врз џамијата.
Оваа јеменскапровинција на северот на земјата повремено ја погодува бран на насилства,откако во 2004. година дојде до судири меѓу владините сили и бунтовницителојални на Абдул-Малики ал-Хути, член на сектата Зајди, блиска до исламскитешиити.
Во тие судиристотина луѓе беа убиени, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домовиво Сада.
Властите во Јементврдат дека бунтовниците сакаат да го вратат клерикалното уредување надржавата, што беше на сила до 60-сетите години на минатиот век.
Истовремено,бунтовниците тврдат дека само ги бранат своите села од владините сили.
Сунитските муслиманиго сочинуваат мнозинството од вкупно 19 милиони жители на Јемен, додекаостатокот од населението, вклучувајќи го и Хути, се припадници на сектатаЗајди.
/крај/он/ст
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.