Uncategorized
Трише:На Европа и се заканува голема економска криза
Претседателот наЕвропската централна банка Жан-Клод Трише, во интервју за Би-Би-Си, предупредидека на Европа и се заканува најсериозна економска криза од нафтениот шок во1973. година.
Претседателот наЕвропската централна банка Жан-Клод Трише, во интервју за Би-Би-Си, предупредидека на Европа и се заканува најсериозна економска криза од нафтениот шок во1973. година.
Трише за негативнитетрендови ги посочи сèпоголемите проблеми со отплатата на кредитите, предупредувајќи дека „најлошотосè уште не поминало“.
Кризата најмногусе забележува во галопирачкиот пораст на цената на нафтата и храната,споредувајќи ја со злогласниот нафтен шок што ги погоди водечките западни економии пред повеќе од 30 години.
Трише смета декаевропските централни банки не смеат да подлегнат на искушението за смалување накаматните стапки со цел зголемување на економскиот раст бидејќи тоа би јанаправило кризата уште поголема.
Според него, морада им се одолее на притисоците драстичниот пад на животниот стандард да сезаузда со зголемување на платите, бидејќи тоа би предизвикало драстичен порастна невработеноста.
Трише смета декаденешната голема невработеност во многу европски држави е сеуште непремостливапоследица на таквите погрешни економски политики со кои се настојуваше да и сеспротистави на кризата на седумдесетите.
/крај/ин/ст
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.