Спорт
Реднап не го сака Тевез
Менаџерот на англискиот премиерлигаш Тотенхем, Хари Реднап, ја отфрли можноста неговиот клуб да го ангажира напаѓачот на Манчестер сити, Аргентинецот Карлос Тевез , кој во својот клуб е суспендиран поради недисциплина.
Менаџерот на англискиот премиерлигаш Тотенхем, Хари Реднап, ја отфрли можноста неговиот клуб да го ангажира напаѓачот на Манчестер сити, Аргентинецот Карлос Тевез, кој во својот клуб е суспендиран поради недисциплина. Управата на Манчестер сити донесе одлука да го суспендира Карлос Тевез, кој одбил да влезе во игра во второто полувреме на мечот од Лигата на шампионите, што неговиот клуб го загуби во Минхен против домашниот Баерн со 0:2 .Менаџерот на манчестерските „граѓани“, италијанскиот стратег Роберто Манчини, по натпреварот изјави дека Тевез веќе нема да заигра додека тој ја води екипата.„Како прво, Тотенхем не може да си дозволи скап играч. Исто така, никако не може да биде оправдан неговиот потег. Играч да одбие да влезе во игра на меч од Лигата на шампионите, е за неверување.. Целосно го рабзирам Манчини, и ја има мојата поддршка“, изјави Реднап за британсктие медиуми. Сепак, според пишувањето на медиумите на Островот, Тевез најверојатно нема да има проблеми во зимскиот преоден рок да си пронајде нов голем клуб. Меѓу заинтересираните за услугите на аргентинскиот репрезентативец се споменуваат италијанскиот калчолигаш Јувентус и францускиот Пари Сен -Жермен. Британските медиуми во средата по поразот на Манчестер сити во Минхен од 0:2 во второто коло од Групата Ц во Лигата на шампионите, пишуваа дека со новиот инцидент, најверојатно дефинитивно е на излезната врата од редовите на „граѓаните“ .Манчини го остави Тевез на клупата на почетокот од мечот, а во 55 минута кога Баерн ја имаше веќе предноста од 2:0 и наметна своја доминација на теренот, се обиде да измени нешто во соодносот на тревникот внесувајќи го во игра Аргентинецот. Но Карлос Тевез одби да го послуша Манчини.Манчини изјави дека е разочаран од односот на Тевез, а Тевез во писмено соопштение изјави дека бил подготвен за игра, велејќи дека настанала конфузија на клупата на Сити по што тој не бил добро разбран.Тевез повеќепати изјавуваше дека е обременет со животот во Манчестер и раздвоеноста од семејството и летово најави дека сака да си замине од клубот. Сега се чини дека со последниот инцидент тоа ќе му се оствари./крај/ббц/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија и покрај поразот во Ларнака се пласира во плејофот
Шампионот на Македонија, Шкендија, избори пласман во плејофот, во Конференциската лига. Вечерва Шкендија, доживеа минимален пораз во Ларнака, од АЕК (1:0), но некои од резултатите на останатите дуели беа во полза на екипата од Тетово, па на табелата го освои 22-то место.
Шкендија одигра добро прво полувреме во Ларнака, во кое во финишот, по интервенцијата од ВАР собата, му беше поништен гол на АЕК. Проблемите за Шкендија започнаа во 50-та минута кога Латифи доби директен црвен картон.
Со играч помалку, одбраната на Шкендија капитулираше во 82-та минута, кога единствениот гол го постигна Ангиелски.
Шкендија првата фаза ја заврпи со две победи, три порази и еден нерешен дуел и гол разлика 4:5.
Токму поради гол разликата зад Шкендија, со ист број на бодови Зрињски, Сигма Оломуц, Универзитатеа Крајова и Линколн.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Аморим побарал да му донесет еден играч во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Ал Хилал, Рубен Невеш, повторно е во центарот на вниманието, откако Рубен Аморим побара од Манчестер Јунајтед да го реализира неговиот трансфер во јануарскиот преоден рок.
Португалскиот тренер сака да го засили средниот ред со играч што добро го познава и го смета за клучен за неговиот проект.
Невеш моментално игра за Ал-Хилал. Желбата на играчот е да се врати во една од врвните европски лиги. На „Олд Трафорд“, веќе почнале да ги разработуваат сите можни сценарија.
Аморим и Невеш добро се познаваат и имаат одличен однос, што би можело да го олесни трансферот.
Исто така, самиот играч има желба да се врати во Европа, па сè укажува на тоа дека ќе се пресели на „Олд Трафорд“ оваа зима.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Хојлунд го однесе Наполи во финалето на Суперкупот
Актуелниот италијански шампион Наполи, со победата 2:0, над бранителот на трофејот во Супер купот, Милан, избори пласман во финалето на ова натпреварување. Данскиот репрезентативец, Расмус Хојлунд го обележа првото полуфинале, на турнирот чии домаќин е Ријад.
Наполи не блескаше, но и тоа беше доволно да забележи сигурна победа над индиспонираниот Милан. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, повторно беше стартер за тимот на Наполи, одигра солиден натпревар. На теренот беше до 77-та минута, кога на теренот влезе Ноа Ланг.
Инаку, првиот гол во 39-та минута го постигна Давид Нерез, по додавањето од Хојлунд. Брилијантната партија Данецот ја круниса со гол во 63-та минута.
Наполи в финалето го чека победникот од утрешното полуфинале меѓу Интер и Болоња.
Foto/ depositphotos

