Контакт

Uncategorized

Меѓународната заедница го поздрави мировниот договор за Дарфур

Објавено пред

Обединетите нации, САД и Европската унија синоќа го поздравија потпишувањето на мировниот договор за суданската покраина Дарфур истовремено повикувајќи ги преостанатите бунтовнички движења да го потпишат документот.

dobivaj vesti na viber

Обединетите нации, САД и Европската унија синоќа го поздравија потпишувањето на мировниот договор за суданската покраина Дарфур истовремено повикувајќи ги преостанатите бунтовнички движења да го потпишат документот.

Мировниот договор подготвен од страна на Африканската унија и меѓународната заедница во нигериската Абуџа во петок го потпишаа Суданското ослободително движење (СЛМ) под водство на Мини Минави и суданската влада.

Друга бунтовничка група – Движење за праведност и еднаквост (ЈЕМ) инсистираше на своите ставови и го отфрли договорот, додека помал дел ма СЛМ предводен од Абдел Вахид Мохамед ал Нура, стави потпис на договорот и покрај првичното противење.

Договорот беше постигнат по интензивните преговори за завршување на конфликтот, во кој загинаа најмалку 180 илјади лица, а 2,4 милиони луѓе се раселени.

Документот предвидува примирје, разоружување на арапските милиции џанџавиди, вклучување на бунтовниците во суданските оружени сили и формирање на единици за заштита на цивилното население. Политичкиот дел на договорот вклучува гаранции дека бунтовничките групи ќе имаат мнозинство во законодавните органи на трите сојузни држави во покраината Дарфур. Отпадничките групи СЛМ и ЈЕМ бараа трите судански сојузни држави да се обединат во автономен регион./крај/ста/м



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Макрон најави забрана за социјалните мрежи за деца под 15 години

Објавено пред

Од

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека ќе го забрани пристапот до социјалните медиуми за деца под 15 години доколку наскоро не се постигне напредок по ова прашање на ниво на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

Одлуката следува по вчерашниот смртоносен напад од страна на ученици врз 31-годишен директор на училиште пред основно училиште во градот Ножан.

„Не можеме повеќе да чекаме“, рече Макрон во телевизиско обраќање на каналот „Франс 2“, пишува Политико од Брисел.

Тој истакна дека прекумерната употреба на социјалните мрежи меѓу децата е фактор на ризик и дека воведувањето контрола на возраста би можело да помогне во заштитата на младите луѓе.

Грција, со поддршка на Франција и Шпанија, веќе предводи иницијатива во рамките на ЕУ за ограничување на времето што тинејџерите го поминуваат на интернет, но Макрон сака Франција да преземе мерки дури и пред евентуалната заедничка европска одлука.

Макрон, исто така, најави дополнителни безбедносни мерки, вклучително и проверка на возраста на корисниците на страниците што продаваат ножеви преку интернет.

Тој најави големи казни и забрани за страниците што не се придржуваат.

„15-годишник повеќе нема да може да купи нож преку интернет“, рече претседателот.

Францускиот премиер, Франсоа Бајру, претходно изјави дека сака да ја забрани продажбата на ножеви на малолетници.

Француските власти веќе преземаат чекори за да ги принудат платформите како што се X, Reddit и Bluesky да спроведат проверка на возраста, третирајќи ги како страници со содржина за возрасни.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Макрон со најава: ќе го забрани пристапот до социјални мрежи за деца под 15 години

Објавено пред

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, објави дека ќе го забрани пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години доколку наскоро не се постигне напредок по ова прашање на ниво на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

Оваа одлука следеше по вчерашниот смртоносен напад од страна на ученик врз 31-годишен училишен надзорник пред основно училиште во градот Ножан.

„Не можеме повеќе да чекаме“, рече Макрон во телевизиско обраќање на каналот „Франс 2“, пренесува бриселски „Политико“.

Тој истакна дека прекумерната употреба на социјалните мрежи меѓу децата е фактор на ризик и дека воведувањето контрола на старосната граница би можело да помогне во заштитата на младите луѓе.

Грција, со поддршка на Франција и Шпанија, веќе предводи иницијатива во рамките на ЕУ за ограничување на времето што тинејџерите го поминуваат на интернет, но Макрон сака Франција да преземе мерки дури и пред евентуалната заедничка европска одлука.

Макрон, исто така, најави дополнителни безбедносни мерки, вклучително и проверка на возраста на корисниците на веб-страниците што продаваат ножеви преку интернет.

Тој најави големи казни и забрани за сајтовите што не се придржуваат.

„Петнаесетгодишник повеќе нема да може да купи нож преку интернет“, рече претседателот.

Францускиот премиер Франсоа Баиро претходно изјави дека сака да ја забрани продажбата на какви било ножеви на малолетници.

Француските власти веќе преземаат чекори за да ги обврзат платформите како што се Ix, Reddit и Bluskaj да применуваат проверки на возраста, третирајќи ги како сајтови со содржина за возрасни.

Во Франција, на 7 јуни, стапија во сила мерките што ги обврзуваат порнографските сајтови да ја потврдат возраста на корисниците.

Како резултат на тоа, сајтот „Pornhub“ престана да работи во земјата, што предизвика ненадејно зголемување на употребата на VPN услуги што ја заобиколуваат геолокацијата, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Видео) Моќен ракетен систем „Искандер“ уништен во Русија, објавија Украинците

Објавено пред

Украинското Министерство за одбрана објави дека моќен руски ракетен систем „Искандер“ е уништен во Русија.

dobivaj vesti na viber

„Украинските војници уништија руски ракетни системи ‘Искандер’. Еден руски ракетен фрлач експлодира, а два други веројатно се оштетени. Резултатите од нападот сè уште се утврдуваат“, објави украинското Министерство за одбрана.

Според повеќе извори, системот се наоѓал во регионот Брјанск во Русија и бил во активна служба. Се верува дека бил користен за таргетирање на Киев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија4 часа

Вишиот јавен обвинител казнет, намерно и неоправдано направил крупни професионални грешки

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и...

Македонија4 часа

Ефективен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, Апелација им го укина куќниот

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи...

Македонија5 часа

Градоначалникот Мерко казнет со 10.000 евра за незаконското назначување на директори

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е проглаен за виновен од страна на судот за несовесно работење во службата поради незаконското назначувањето...

Македонија5 часа

(Видео) Повредените во Кочани ќе добиваат по два чифта компресивна облека на шест месеци и препорачливо е да ја носат две години

На 58 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани веќе им е дадена компресивна облека и носењето ги дава...

Македонија7 часа

Адвокатот побара ослободување на Љупчо Палевски поради недостиг на докази

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, побара неговиот клиент да биде ослободен од обвиненијата за убиствата на Вања Ѓорчевска...

Македонија7 часа

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија“, вели Кузеска

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред...

Македонија8 часа

Стопирана изградбата на објектот во охридската чаршија, инвеститорот немал одобрение

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам направи вонредна контрола на објектот во изгрaдба во Старата охридска чаршија, односно во заштитетната...

Македонија9 часа

Акиов: Не сум гомнар, туку борец за правда, чашата беше прелеана од советникот Алексов

Советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) преку социјалните мрежи, по насилниот инцидент, порача дека тој...

Топ9 часа

Удрил во метален столб, а потоа прегазил пешаци: загина охриѓанка, возачот уапсен

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“...

Македонија10 часа

„Вчерашното насилство е дел од сценарио што самиот Филипче го има направено пред еден месец во Дубаи на средба со Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност. Инцидентот...

Свет11 часа

Израелскиот министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка...

Свет12 часа

Хезболах објави дека ќе го поддржи Иран: Ќе дејствуваме соодветно

Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и дека стои зад...

Свет13 часа

Русија: Убиството на врховниот лидер на Иран би ја отворило Пандорината кутија

Промената на режимот во Иран е „неприфатлива“ и атентатот врз врховниот лидер на земјата „би ја отворил Пандорината кутија“, изјави...

Свет13 часа

(Видео) Иран лансира нов бран ракети кон Израел

Иранската војска испука нов бран ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Нападот доаѓа откако Израел издаде предупредување за евакуација до...

Свет13 часа

Шефицата на дипломатијата на Северна Кореја: Со Русија имаме најсилен, непобедлив сојуз

Министерката за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон-хуи, го поздрави договорот за меѓусебна одбрана меѓу Северна Кореја и Русија...

Свет13 часа

Израелци: Ирански проектил се отвори на висина од 7 км и се распрсна на мали бомби

Иран во неделата испали ракета врз Израел што расфрла мали бомби со цел зголемување на цивилните жртви, соопштија израелската војска...

Свет14 часа

Тајниот нуклеарен објект на Иран што може да го погоди само американска бомба

Во планинска област јужно од Техеран, скриен длабоко под земја, се наоѓа Фордо – објект за збогатување на ураниум кој...

Свет20 часа

(Фото) Сателитските снимки покажуваат штета на иранскиот нуклеарен реактор во Арак

Нови сателитски снимки со висока резолуција објавени денес од „Максар Технолоџис“ покажуваат значителна штета на иранскиот реакторски комплекс во близина...

Свет23 часа

Трамп ќе одлучи дали да го нападне Иран во рок од две недели, објави Белата куќа

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за евентуален напад врз Иран во следните две недели....