Свет
Седмиот најсилен земјотрес во историјата
Земјотресот од петокот во Јапонија според магнитудата се смести на седмото место на најсилните потреси во историјата. Земјотресот кој го погоди североисточниот дел на Јапонија е најразорниот во последните 140 години во оваа земја, штетите веќе се мерат во стотици милијарди долари
Земјотрес со интензитет од 8,9 степени по Рихтер предизвика огромно цунами и стравување за појава на цунами и во соседните држави и во земјите долж бреговите на Тихиот Океан, дури до Колумбија и Перу. Според последните податоци 400 лица загинале а над 80 илајди се водат за исчезнати. Според јапонската телевизија HNK на брегот крај градот Сендаи биле откриени повеќе од сто тела. Плимниот бран потопи и брод со 100 патници.Телевизијата јавува дека јапоснките власти соопштиле дека нема опасност од радиоактивно зрачење, но властите наредиле евакуација на жителите околу нуклеарната централа Фукушима.Откако долго време земјотресите беа мерени според Рихтеровата скала, сега нивната јачина се мери според скалата на интензитетот во моментот, во која е важна енергијата, ослободена од потресот.Следи хронологија на најмоќните земјотреси во светот во изминатите сто години, класифицирани според нивниот интензитет:Чиле во 1960 г. го погоди земјотрес со интензитет од 9,5 степени, по кој следеше разорно цунами, кое погоди неколку земји долж бреговите на Тихиот Океан. Во земјотресот загинаа 5.700 лица во Чиле, 61 лице на Хаваи и 130 лица во Јапонија.Аласка во 1964 г. ја погоди земјотрес со интензитет од 9,2 степени, кој беше проследен од цунами и во кој загинаа сто лица. Индонезија во 2004 г. беше погодена од земјотрес со интензитет од 9,1 во делот покрај островот Суматра и на 26 декември предизвика разорно цунами, кое погоди десетина соседни земји. Во потресот животот го загубија или исчезнаа 270 илјади лица.Камчатка во 1952 г. беше погодена од земјотрес со интензитет од девет степени и тоа на полуостровот Камчатка, при што беше предизвикано катастрофално цунами, кое се почувствува дури и во Чиле и Перу. Загинаа над 2.300 лица. Еквадор и Колумбија во 1906 г. беа погодени од земјотрес со интензитет од 8,8 степени и во цунамито, кое следеше загинаа илјадници лица. Чиле во 2010 г. беше погодено од земјотрес со интензитет од 8,8 степени а потоа и цунами го погоди Чиле и загинаа 523 лица.Алеутите на Аласка во 1965 г. годините земјотрес со интензитет од 8,7 степени ги погоди Алеутските Острови на Аљаска, по што следеше цунами. Ниас (Суматра) Индонезија, во 2005 г. е погоден од земјотрес со интензитет од 8,6 степени според Рихтеровата скала при што загинаа 900 лица, а ранети беа шест илјади. Андреанофските острови на Аласка во 1957 г. се погодени од земјотрес со интензитет од 8,6 степени ги и предизвика големо цунами. Сечуан, Кина во 2008 г. доживеа земјотрес со интензитет од 8 степени при што загинаа околу 70 илјади лица, а околу 20 илјади се водат како исчезнати. Хаити во 2010 г. го погоди земјотрес со магнитуда од 7 степени по Рихтер, при што загинаа меѓу 250 илјади и 300 илјади лица. Ранети беа над 300 илјади лица, а над еден милион останаа без покрив над главата.Џинјах, Кина во 2010 г. доживеа земјотрес со интензитет од 6,9 степени, при што загинаа повеќе од д две илјади лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руски шпион уапсен во Полска, работел во Министерството за одбрана од 90-тите години
Долгогодишен вработен во полското Министерство за национална одбрана е приведен под сомнение за шпионажа за Русија, а апсењето е извршено во самата зграда на министерството. Осомничениот, за кој се верува дека работел за руската разузнавачка служба, имал позиција од средно ниво во Одделот за одбранбена стратегија и планирање, објавува „Полиш онет“.
Тој бил изнесен од зградата на министерството од страна на припадници на Воената полиција, а самата акција е резултат на долгогодишна истрага спроведена од Службата за воена контраразузнавање. SKW се сомнева дека соработува со претставници на руските и белоруските разузнавачки служби.
Портпаролот на службата, Јацек Добжински, изјави дека Воената контраразузнавачка служба собрала „обемни информации“ што потврдуваат дека осомничениот ја предал Полска и дека работел за странска разузнавачка служба, објави „Онет“.
Наводниот шпион е уапсен денес по 8 часот наутро, кратко откако пристигнал на работа. 60-годишникот, кој не покренал никакви сомневања, бил вработен во министерството од 1990-тите, каде што имал разни позиции на средно ниво во одделот за стратегија и одбранбено планирање.
„Ова е долгогодишен вработен. Тој е цивил, а не војник, а камоли офицер. Тој бил под надзор на Воената контраразузнавачка служба, која собрала обемни и инкриминирачки информации за него, потврдувајќи дека овој господин ги предал Полска и Полјаците. Тој шпионирал за странска разузнавачка служба“, рече Добжински.
„Апсењето го извршија припадници на Воената контраразузнавачка служба, но пред сè од Воената полиција. Беше извршено по наредба на Военото обвинителство“, додаде тој.
„Службите ги следат активностите на овој човек со месеци. Неговите постапки се документирани и анализирани детално, па затоа доказите собрани против него се многу солидни. Ова е еден од најголемите успеси“, уверува извор запознаен со деталите од операцијата.
фото/Depositphotos
Свет
Шефот на НАТО: Европа ќе најде повеќе од 15 милијарди долари за оружје за Украина
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е уверен дека сојузниците ќе најдат средства за купување американско оружје за вооружените сили на Украина. Тој го изјави ова денес на прес-конференција во Киев, пренесува „Украинска правда“.
Одговарајќи на прашањето како би можеле да се соберат 15,5 милијарди долари што ги побара Украина за финансирање на програмата PURL, која се користи за купување оружје во Соединетите Американски Држави, Руте вети дека средствата дефинитивно ќе бидат обезбедени.
„Апсолутно сум уверен дека парите ќе се најдат бидејќи сите знаеме дека ова е клучно“, рече тој. Генералниот секретар, сепак, призна дека нееднаквите придонеси од различни земји имаат негативен ефект. „Во моментов, две третини од сојузниците учествуваат во програмата PURL и во право сте, постои проблем со распределба на товарот“.
Тој рече дека ситуацијата во која некои земји им помагаат на вооружените сили на Украина во купувањето американско оружје, додека други не, е ненормална. „Во моментов, некои сојузници прават многу, многу сојузници прават нешто, а неколку не прават ништо. Сепак, повеќето сега се вклучени во PURL.
Но, ни треба подобра распределба на товарот во рамките на НАТО. Работиме на тоа“, додаде Руте. Тој, исто така, ги истакна поединечните земји кои значително придонесуваат за набавките во рамките на програмата PURL, имено Канада, Норвешка и Германија, како и Шведска и балтичките држави.
Руте претходно изјави дека 90% од ракетите за воздушната одбрана на Украина биле испорачани преку програмата PURL.
Свет
Макрон: Во тек се технички подготовки за директни разговори меѓу Европа и Русија
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека се во тек подготвителни работи за повторно воспоставување директни разговори меѓу Европа и Русија за војната во Украина, додавајќи дека е важно Европејците да ги обноват своите комуникациски канали, но дека Русија не покажува подготвеност да постигне мировен договор со продолжување на бомбардирањето на Украина.
„Мора да биде подготвена, затоа се во тек технички разговори за да се овозможи тоа“, рече Макрон како одговор на новинарско прашање за неговиот повик од декември за обновување на преговорите со рускиот претседател Владимир Путин, пишува бриселски „Политико“.
Макрон истакна дека е важно Европејците да ги обноват своите канали за комуникација со Русија, нагласувајќи дека подготовките се одвиваат на техничко ниво.
Тој додаде дека сите разговори со Путин мора да бидат координирани со претседателот на Украина Володимир Зеленски и неговите „клучни европски колеги“, нагласувајќи ја улогата на таканаречената „Коалиција на волјата“, која ги собира земјите што ја поддржуваат Украина.
Францускиот претседател, сепак, оцени дека со продолжувањето на бомбардирањето на Украина, Русија не покажува подготвеност за постигнување мировен договор.
„Пред се, денес продолжуваме да ја поддржуваме Украина, која е под бомби, на студ, со руски напади врз цивили и украинска енергетска инфраструктура, што е неприфатливо и не покажува вистинска волја за мировни преговори“, рече Макрон, според Танјуг.

